
Претседателот на Замбија - Рупиа Банда, одржа прес конференција во дворот на својата палата. Седејќи удобно под едно дрво, таман почна да одговара на прашањата на новинарите, врз него се измоча еден мајмун!
Претседателот Рупиа Банда не го сфати гестот на мајмунот за неговиот говор, трагично, туку се пошегува дека веројатно тоа е знак на среќа.
Во дворот на претседателот на Замбија живеат неколку мајмуни, како и неколку видови антилопи и птици.
25.06.2009

































