
Францускиот тенисер Мишел Лодра настрада на бизарен начин во 2 коло од Вимблдон. На самиот почеток на мечот против Томи Хас, Лодра трчајќи на една кратка топка премногу се залета и падна на една од девојките кои ги собираат топчињата, потоа се повреди па мораше да го предаде мечот.
Германецот Томи Хас помина во 3 коло од Вимблдон најлесно од сите тенисери. По само седум одиграни гемови, мечот му го предаде Французинот Мишел Лондра, кој при резултат 3-3 доживеа бизарна незгода.
При една скратена топка, Лондра се залета и директно се втурна во Ерин Лоренсин, која стана екстра популарна по инцидентот. За среќа со својата тежина не ја повреди дополнително и девојката, но тој се закачи во судиската столица и во наредниот гем го предаде мечот.
25.06.2009



























