
Во 2010 година на европскиот пазар можно е да се појави машина за перење алишта на која и е потребна само една чаша вода за вашите алишта да бидат блескаво чисти.
Оваа машина би можела да заштеди милијарди литри вода кои секојдневно залудно се трошат.
Развиена е технологија која користи само 10% вода и 30% енергија која ја користат конвенционалните машини за перење алишта. Доволна е само мала количина вода и детергент, а водата ја заменуваат пластични топчиња кои ги впиваат влагата и нечистотиите. Топчињата можат повторно да се употребат и до стотина пати.
Доволна е само една чаша вода и малку детергент облеката да се навлажни, флеките да се омекнат и да се создаде водена пареа која го поттикнува делувањето на топчињата.
Компанијата заслужна за овој проект е Xeros. Првите машини кои планира да ги пушти во продажба ќе бидат наменети за хотелите и пералните, а од наредната година планира да ги пушти и во малопродажба. Веќе е потпишан договор со компанија за еколошко хемиско чистење GreenEarth Cleaning за продажба на технологијата во Северна Америка.
Технологијата е развиена под водство на професорот Стивен Буркиншоу од Универзитетот во Лидс.
24.06.2009



























