Македонците претпочитаат домашна храна

Македонците повеќе сакаат ’домашно зготвено’, отколку да јадат во ресторан, покажа новото истражување на ГФК Скопје. Воглавно сакаат да јадат во склоп на семејството, но и самите да готват.

Резултатите покажуваат дека најголемиот дел од нашите сограѓани – 45% се понаклонети кон домашната кујна. Само 16% преферираат ресторанска храна, додека на 39% тое не им прави разлика.

Дури 76% од редовните оброци нашиот народ ги јаде дома, а 24% надвор од дома. Тоа повеќе важи за жените – во 80% од случаите, отколку за мажите, како и за граѓаните на помалите градови (до 2000 жители) – 82%.

Драстично од просекот отскокнуваат самовработените граѓани и оние кои се уште учат, кај кои бројот на оброци конзумиран надвор од домовите е помеѓу 60% и 65%.

Во другата насока, од просекот се разликуваат пензионираните граѓани и домаќинките, со околу 90% од оброците конзумирани во домот. Она што е интересно е дека нешто почесто од просекот, граѓаните кои се вработени, но не со полно работно време, јадат надвор од дома.

Истражувањето покажа и дека Македонците воглавно сакаат да готват, но жените се истакнуваат во поголем процент отколку мажите.

Исто така, во студијата на ГФК се потенцира дека македонските граѓани претпочитаат да јадат заедно со останатите членови на семејството (54%), 39 посто тоа го прават ретко, а само 7% никогаш не успева да седне на маса заедно со неговите блиски.

Очекуван податок е дека колку е помал градот, толку е поголем процентот на луѓе кои оброците ги делат со семејството, што најмногу се гледа кај најмалите градови (оние помали од 2000 жители) каде овој процент достигнува дури 70%.

Иако изгледа дека рестораните и сендвичарите се секогаш полни оваа анкета покажува дека најчест избор на граѓаните е домашната кујна, самостојно подготвениот топол оброк, консумиран во друштво на домашните.

Ова не важи за помладите кои повеќе сакаат „брза храна“, покажа анкетата за ГфК Скопје, спроведена во април годинава на репрезентативен примерок од 1050 граѓани постари од 15 години.


24.06.2009



Најнова Фотка
Балканкан
Анкета
Временска Прогноза
Скопје сега

Температура: 14°C
Времето во моментов
Најнови вести
16:46
Книга на годината од 119 томови!
Во земјата на чудата
14:09
12:33
Запознајте ја рибата Шрек
Во земјата на чудата
12:23
Спорт
Баерн бара пари oд ФИФА за Робен
Баерн бара пари oд ФИФА за Робен
slikaАктуелниот шампион на Германија, Баерн Минхен во првите две кола доживеа неколку стресни ситуации и еден голем шок, а дел од вината ја префрлаат на Холандскиот фудбалски сојуз.
Шалке со најскап состав досега
Шалке со најскап состав досега
slikaПосле многу бројните трансфери ова лето вецешампионот на Германија, Шалке 04 го собра најскапиот состав од формирањето на клубот досега. Според елитниот спортски сајт „трансфермакет“ идеалната единаесеторка на Феликс Магат чини точно 101,5 милиони евра, а како најскапо проценет е младиот голман Ноер.
Мурињо: Милан може да ја освои Лигата на шампионите
Мурињо: Милан може да ја освои Лигата на шампионите
slikaНовиот тренер на Реал Мадрид смета дека Милан е еден од претендентите за освојување на Лигата на шампионите оваа година, со пристигнувањето на Ибра и Робињо на „Сан Сиро“.
Капело: Бев бог, а сега сум чудовиште
Капело: Бев бог, а сега сум чудовиште
slika„Ме направивте бог, а после тоа ме прогласивте за чудовиште, зар не е така? Оваа екипа изгуби само еден натпревар на СП, и тоа после огромна судиска грешка, но повеќе на тоа никој не се сеќава. После тоа мислењето за мене потполно се промени“, изјави Капело пред почетокот на квалификациите за Европското првенство.
Скандал: Европјаните смрдат како цркнати магариња
Скандал: Европјаните смрдат како цркнати магариња
slikaKoшаркарот на американската репрезентација Дени Гренџер предизвика скандал откако на својот профил на Твитер напишал дека европјаните смрдат како мртви магариња.
Резултати сега!
Фото
Смртоносни тетоважи Фото: Кој ќе исплива побрзо со секс кукли! Фото: Танцот на девиците за кралот на Свазиленд Швалери
Видео
Еве зошто кинеската стока е толку евтина! Го распара небото Жестока борба со кучиња Одвратно добар трик го шокираше жирито
(©) 2006-2010 Taratur.com