
Контроверзна книга, големи актерски и спортски имиња, безбол каков што досега не сте виделе. Одлични елементи за филм. Но Columbia Pictures ден пред почетокот го откажа снимањето. Зошто?
Филмот Moneyball е адаптација на романот на Мајкл Луис Moneyball: The art of winning un unfair game од 2003 година, во кој насловната улога требаше да ја игра Бред Пит како Били Бин, менаџер на безбол тимот од Оукленд кој составува тим на основа на статистика наместо со традиционалните методи.
Режисерската палка требаше да ја држи Стивен Содеберг, кој се реши за овој проект освен Пит и актерот Деметри Мартин, да ангажира и вистински безбол играчи како Скот Хатеберг, Дејвид Џастис и Лени Дикстра.
Не само што Ејми Паскал, една од директорите на студиото која го одби проектот, беше незадоволна од последните измени во сценариото, туку и предвидениот буџет од 57 милиони долари ги запрепасти водечките луѓе од Колумбија Пикчрс.
Потрагата по ново студио кое ќе го финансира филмот е во тек.
24.06.2009
































