Шумахер е легендарниот Стиг?

Најголемата тајна на автомобилистичкиот свет конечно е откриена. Идентитетот на службениот возач на Top Gear, познат само под таинственото име The Stig е откриен во последната емисија. Михаел Шумахер!

Седумкратниот Формула 1 шампион ја тргна белата кацига за време на интервјуто со водителот Џереми Кларксон, по рекордното завршување на официјалната патека на Top Gear, најбрзо во историјата на емисијата за 1 минута и 10.7 секунди.

Стиг, чиј идентитет отсекогаш е мистериозен, во емисијата ги тестира автомобилите до самите граници на издржливост, со што стекна углед на одличен возач. Но, покрај тоа го следи и глас на добар учител бидејќи секоја недела ги подучува познатите личности како да возат ’разумно евтин автомобил’.

Неговиот идентитет е строго чувана тајна иако цело време се појавуваат шпекулации кој е под белото одело. На почетокот на годинава, излезе информација дека Стиг е професионалниот каскадер и возач на Ле Манс, Бен Колинс, но Би-Би-Си никогаш не ја коментираше оваа шпекулација.

Оригиналниот ’црн’ Стиг кој се појавуваше во првите две сезони беше поранешниот Ф1 возач, Пери Мекарти. Но, го замени моменталниот ’бел’ Стиг, откако Мекарти го откри својот идентитет.

Во текот на последното шоу, прва епизода од новата 13 сезона, Кларксон се преправаше дека не го позна Шумахер и го праша како се викал пред да биде познат како Стиг. Веднаш потоа во делириум извика: Тоа е Михаел Шумахер!


Сепак, фановите на шоуто се уште се неубедени околу неговиот идентитет. Питер Лотон, уредник на магазинот What Car? за БиБиСи изјави дека презентирањето на Шумахер како мистериозниот супер-возач во бело одело е навистина одлично за публицитетот, но смета дека е и невистинито.

Дали Top Gear, шоуто со неограничен буџет, навистина го има Шумахер се уште останува мистерија, истовремено предизвикувајќи воодушевување од виденото.

Портпаролот на Top Gear потврди дека Шумахер бил Стиг во текот на снимањето и возењето на Ferrari FXX, но додаде дека вистинскиот идентитет на Стиг и понатаму е тајна.



23.06.2009



Најнова Фотка
Балканкан
Анкета
Временска Прогноза
Скопје сега

Температура: 14°C
Времето во моментов
Најнови вести
16:46
Книга на годината од 119 томови!
Во земјата на чудата
14:09
12:33
Запознајте ја рибата Шрек
Во земјата на чудата
12:23
Спорт
Баерн бара пари oд ФИФА за Робен
Баерн бара пари oд ФИФА за Робен
slikaАктуелниот шампион на Германија, Баерн Минхен во првите две кола доживеа неколку стресни ситуации и еден голем шок, а дел од вината ја префрлаат на Холандскиот фудбалски сојуз.
Шалке со најскап состав досега
Шалке со најскап состав досега
slikaПосле многу бројните трансфери ова лето вецешампионот на Германија, Шалке 04 го собра најскапиот состав од формирањето на клубот досега. Според елитниот спортски сајт „трансфермакет“ идеалната единаесеторка на Феликс Магат чини точно 101,5 милиони евра, а како најскапо проценет е младиот голман Ноер.
Мурињо: Милан може да ја освои Лигата на шампионите
Мурињо: Милан може да ја освои Лигата на шампионите
slikaНовиот тренер на Реал Мадрид смета дека Милан е еден од претендентите за освојување на Лигата на шампионите оваа година, со пристигнувањето на Ибра и Робињо на „Сан Сиро“.
Капело: Бев бог, а сега сум чудовиште
Капело: Бев бог, а сега сум чудовиште
slika„Ме направивте бог, а после тоа ме прогласивте за чудовиште, зар не е така? Оваа екипа изгуби само еден натпревар на СП, и тоа после огромна судиска грешка, но повеќе на тоа никој не се сеќава. После тоа мислењето за мене потполно се промени“, изјави Капело пред почетокот на квалификациите за Европското првенство.
Скандал: Европјаните смрдат како цркнати магариња
Скандал: Европјаните смрдат како цркнати магариња
slikaKoшаркарот на американската репрезентација Дени Гренџер предизвика скандал откако на својот профил на Твитер напишал дека европјаните смрдат како мртви магариња.
Резултати сега!
Фото
Смртоносни тетоважи Фото: Кој ќе исплива побрзо со секс кукли! Фото: Танцот на девиците за кралот на Свазиленд Швалери
Видео
Еве зошто кинеската стока е толку евтина! Го распара небото Жестока борба со кучиња Одвратно добар трик го шокираше жирито
(©) 2006-2010 Taratur.com