
На новинската агенција АП неодамна и беше понудено цело досие документи кои покажуваат колку труд и пари вложил ФБИ за да ја запре кинодистрибуцијата на најпознатиот порно филм на сите времиња.
Во 1972 „Длабоко грло“ стана првиот порно филм кој јавно се дистрибуираше, а појавата на филмот е окарактеризирана како почеток на сексуалната револуција. Но, дури деновиве се открија информации дека ФБИ спровел цела агресивна кампања, за да ја запре дистрибуцијата и да го уништи филмот.

Агентите на ФБИ со сила сакале да го спречат прикажувањето на филмот, ги одземале копиите и ги спроведувале на информативен разговор сите луѓе кои биле поврзани со тимот што го работи филмот.

Досието за „Длабоко грло“ до кое дојде агенцијата Асошиејтед Прес содржи неверојатни 4.800 страници, но барем уште толку чекаат на објавување. Во документите кои го здогледаа светлото на денот се наоѓаат и многу шпиунирани разговори со режисерот на филмот Џерард Дамијано, додека интервјуто со главната актерка Линда Ловелас е заштитено со ознака за тајност.

Иронијата на судбината сакаше целата акција за спречување на филмот да биде надгледувана од агентот Марк Фелт, личност кој неодамна беше идентификуван како „Длабоко грло“ во аферата Вотергејт.
Филмот „Длабоко грло“ е снимен за само 25.000 долари, а стана порно класик кој заработи над 600 милиони долари.
22.06.2009
































