Излезе и четвртиот спот од кампањата „Македонија – вечна“, втор во изработка на режисерот Милчо Манчевски. „Македонски храмови“ е спот кој ги промовира сакралните објекти во Македонија. Погледнете го! Спотот е сниман два месеци на локации во Зрзе, Варош, Матка, Вељуса, Велес, Мустафа-Пашина Џамија и ГТЦ во Скопје. Употребени се методи и технологија кои вообичаено се користат за снимање на популарни документарци - вложени се стотици часови снимање, a снименото потоа трпеливо e обработуванo со најсовремени специјални ефекти.
Ова е четврти спот во циклусот Македонија – вечна. Премиерниот го режираше Милчо Манчевски, вториот во серијата е на Игор Иванов - Изи, а третиот е на Ѓорче Ставревски.
Првиот спот на Манчевски освои прва награда за спот на Меѓународниот фестивал за туристички филмови и спотови во Полска, и предизвика огромен меѓународен интерес, а има над половина милион посети на интернет линкови.
22.06.2009

































