
Википедија, онлајн енциклопедијата која секојдневно се изменува и се пишува од волонтери, е објавена во печатено издание - книга со вкупно пет илјади страници, дебела речиси половина метар.
Енциклопедијата која содржи 437 статии, ја подготви Роб Метјуз студент по графички дизајн од Сасекс. Кога стои 47см. ’дебелата’ енциклопедија му достигнува до колена.

Википедија беше отворена во 2001, а содржи прилози што можат да бидат уредувани од секој кој ќе пристапи на страницата, па со тоа стана најпопуларна енциклопедија на интернет.
На Метјуз за подготовката на печатената Википедија му требале две недели, а имал за цел да докаже колку е олеснет пристапот до информации на интернет.
„Ја споредувам интернет Википедија со традиционалната енциклопедија ставајќи ја во ист формат. Имавме малку проблеми околу укоричувањето на книгата, но на крај се помина во најдобар ред.“
Роб Метјуз внимателно одбирал артикли од Википедија што ќе ги стави во неговата книга, тргнувајќи од нивната популарност, референци, прецизности, неутралност и стил.
17.06.2009

































