
Ерата на продолженија продолжува, а адаптацијата на стрипот ’Wanted’ не е имуна на трендот. Големиот акционен хит ќе доживее и втор дел во кој како и во првиот, ќе глуми Анџелина Џоли и покрај тоа што во првиот дел...
Па, да не ви го расипуваме филмот ако не сте го гледале, но да речеме дека нема баш рационална смисла во враќањето на Анџелина.
Меѓутоа, рускиот режисер Тимур Бекмабетов потврди дека планира да ја врати Џоли во ’Wanted 2’.
Снимањето треба да се одвива во Русија, Индија и САД, а припремите треба да започнат веќе од следниот месец. Со тоа се потврдени и гласините за второто продолжение, кои кружат откако беше завршено снимањето на првиот дел.
17.06.2009
































