
До вчера им се радувавме на USB стикчињата со капацитет од 64 и 128 мегабајти, а сега компанијата Kingston не води во досега неистраженото подрачје со капацитет од дури 128 гигабајти.
Добро прочитавте: Kingston Data Traveler 200 е USB мемориско стапче со капацитет од 128 гигабајти, што го прави најпространиот ваков уред досега.
Покрај големиот капацитет, Data Traveler 200 има и заштита од удари, прашина и влага, како и дизајн кој овозможува криење на USB приклучокот во телото на уредот, што значи дека не ви е потребно заштитно капаче кое и така се губи или почнува да паѓа по некое време.
Цената е високи 546 долари, а истиот уред може да се набави со капацитет од 32 и 64 ГБ по цена од 120 односно 213 долари.
16.06.2009

































