
Софтверскиот џин Микрософт објави дека наскоро ќе ја претстави бета верзијата на сопствениот антивирус, кое крајните корисници ќе го добијат целосно бесплатно.
Антивирусот наречен Morro доаѓа како замена за досегашниот онлајн скенер на Микрософт 'Live OneCare' и со ова бесплатно решение се обидува да им конкурира на McAfee или Symantec.
Сепак, тешко ќе успее во тоа со оглед на тоа што ќе нуди само најосновен облик на антивирусна заштита.
Поради спомнатата причина, MS Morro тешко ќе може да се носи со комплексните решенија како оние на Symantec или McAfee, кои нудат заштита во цела низа сегменти.
Моментално тестери на Микрософт го проверуваат овој антивирус, кој треба да и биде претставен на јавноста во конечна верзија до крајот на годинава.
15.06.2009

































