
Се шпекулира дека новото продолжение на Џемс Бонд ќе се снима во Авганистан. Иако се уште не е одлучено, се претпоставува дека главните негативци ќе бидат опасните Талибанци кои тргуваат со дрога.
Ако им се верува на шпекулациите Даниел Крег наскоро ќе влезе во авганистански синџир на трговија со дрога за да се пресмета со опасните талибанци.
Оваа информација ја проследи британски Гардијан според кој еден од сценаристите за се уште неименуваното продолжение на „Quantum of Solace“ се интересирал за условите за работа во Кабул.
Иако се уште ништо не е потврдено, се шпекулира дека во ова продолжение 007 нема да се пресметува само со Талибанците, туку и со опасната трговија со дрога која ги финансира воените активности во тој регион.
Ако се случи ова, Даниел Крег ќе го посети Авганистан за прв пат, но Џејмс Бонд веќе беше таму два пати – во The Living Daylights и Tomorrow Never Dies
12.06.2009
































