
Претставата „Тапани во ноќта“ на Прилепскиот театар е прогласена за најдобра претстава на 44. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.
Режисерот на претставата Мартин Кочовски е прогласен за најдобар режисер, а актерката Марија Спиркоска од истата претстава ја доби наградата за најдобра женска епизодна улога.
Комисија што ја сочинуваат Митко Маџунков, Ванчо Петрушевски и Зијадин Муртезовски, наградата за најдобра главна машка улога му ја додели на Елјеса Касо за ликот на Сијах Калем во истоимената претстава на Турскиот театар.
Актерката Билјана Беличанец-Алексиќ ја доби наградата за најдобра женска улога за главниот лик во „Кинегонда во Карлаленд" на Драмски театар.
Актерот Бранко Ѓорчев е награден за најдобра епизодна улога во претставите „Свето срце“ на Македонскиот народен театар и за ликот во „Кинегонда“.
Венко Андоновски ја доби наградата за најдобар текст за „Кинегонда во Карлаленд“, Ентон Каца ја доби наградата за современа сценска драматизација за текстот „Албански ноќи“ на Албанскиот театар.
Тихомир Спирковски е награден за сценографијата на „Тетовирани души“ на НТ во Куманово и за наjдобри костими во „Кинегонда.
Претставата Црна чума се зададе“ на Владимир Милчин и Марјан Неќак на НТ во Битола ја доби наградата за најдобра музика.
Наградата за најдобар рекламен материјал ја доби Владо Ѓоревски Рафик за претставата „Последниот ден на Мисирков на народниот театар во Струмица.
11.06.2009

































