Сензационални нови видео снимки од Ратко Младиќ!

Ратко Младиќ воопшто не се криел! Босанската Федерална телевизија во вонредното издание на политичкиот магазин „60 минути“ објави досега необјавени видео материјали од Младиќ, снимени последниве десет години.

На снимките може јасно да се види како хашкиот бегалец се забавува на разни прослави, роденденот на внукот, венчавката на синот Дарко и многу други, додека наводно е во бегство.

Сите снимки се веројатно од семејната архива на Младиќ.


Младиќ е снимен и на погребот на својата ќерка Ана, која се самоуби со неговиот омилен пиштол, иако многумина тврдеа никогаш не присуствувал на погребот. Плаче со главата потпрена на мртвата ќерка.

Потоа, снимките го прикажуваат Младиќ кај што слави, пие и ужива со пријатели и роднини. Ја пее и песната од Плави Оркестар „Боље бити пијан него стар“.

Во снимките понатаму е прикажана и куќата во белградската населба Кошутњак во која живеел сосема нормално, примал гости и се дружел.


Еден од гостите е поранешниот началник на Генералштабот на Војската на Југославија, Момчило Перишиќ, обвинет за воени злосторства во Хрватска и за злосторствата во Мостар. Подоцна се појавува и Здравко Толимир, обвинет за злосторствата во Сребреница, Жепа и Зворник.

На 16.9.2000 година снимена е и венчавката на еден негов телохранител во Кула покрај Сараево, каде е снимена колона возила со босански таблички.


Потоа има снимка од касарната во Топџидер, каде игра пинг понг и пие кафе во природа.

Последната снимка прикажана во емисијата „60 минути“ снимена е најверојатно неодамна и на неа се гледа Младиќ кај што си игра во снегот со сопругата и снаата.

Гостин во емисијата беше членот на Претседателството ан БиХ Жељко Комшиќ кој рече дека ќе биде интересно да се видат реакциите на одфицијален Белград, по што водителот Бакир Хаџиомеровиќ коментираше дека веројатно ќе ги обвинат за монтажа.

Комшиќ рече дека не е изненаден од овие снимки, бидејќи според него, Младиќ воопшто не се криел, туку бил штитен од сите српски власти и само се чекало политичка одлука и тој да биде предаден во Хаг.

„Структурата која стои зад Младиќ е многу затворена и добро организирана. Младиќ тогаш беше под заштита на Војската на Југославија, а денес под Војската на Србија. Политичката структура го штити, а тој живее најнормален живот“, рече Комшиќ.

Погледнете ја целата емисија

















11.06.2009



Најнови вести
15:31
Измачувачот Чарлс Дарвин
Научна Реалност
15:01
Играчки од пеколот!
Во земјата на чудата
11:13
11:11
Екстра
За 65 милиони фунти, се продава најскапиот стан во Британија
За 65 милиони фунти, се продава најскапиот стан во Британија
slikaМалкумина се оние кои себеси можат да си дозволат било каков стан во Лондон, а да не зборуваме за оној најскапиот и најлуксузниот во цела Велика Британија. Меѓутоа, има и такви среќници кои можат да ’издвојат’ вртоглави 65 милиони фунти од својот домашен буџет и да го купат токму тој, најскап и најлуксузен стан во Британија, кој се наоѓа во самиот центар на Лондон.
Стан кој има сè што е потребно за совршен дом
Стан кој има сè што е потребно за совршен дом
slikaШто повеќето луѓе посакуваат од станот? Простор, удобност, стил и постојано чувство на добредојде, приватно место одделено од светот? Овој стан во Украина со своите 300 квадратни метри, мора да се сложите, ги исполнува сите споменати услови.
Конечно - она што го баравте со години!
Конечно - она што го баравте со години!
slikaШто имаат заедничко Зулфу Ливанели, Славе Димитров, Енио Мориконе и Иван Терзиев? Нема никогаш да дознаете, ако не го видите ова што ви го нудиме, а што ќе ви побуди еден куп емоции. Уживајте!
Елеганција во која сивата боја е сè само обична не
Елеганција во која сивата боја е сè само обична не
slikaДека сивата боја може да биде и тоа како убава и пријатна во уредувањето на енетриерот пример е овој елегантен стан во Лондон кој се протега на дури 4.700 квадратни метри.
Погледнете како изгледаат куќите на иднината
Погледнете како изгледаат куќите на иднината
slikaСе повеќе луѓе сакаат да се издвојат од масата, па се одлучуваат за живот во футуристички куќи кои се изградени на необични локации и од необични материјали, а кои личат на се, само не на конвенционални станбени зданија.
Резултати сега!
Анкета
(©) 2006-2012 Taratur.com