
Иако досега гледавме роботи што танцуваат, помагаат во домаќинството, чуваат стари лица или ќе заменуваат учителки, новиот јапонски робот кој прави палачинки ќе ги воодушеви и најголемите скептици.
На изложбата International Food Machinery and Technology која минатиот викенд се одржа во Токио претставен е роботот Окономијаки кој успешно прави палачинки.

Роботот прво ги меша состојките за палачинките, а потоа ги става на жешка плотна. Откако ќе се испечат од едната страна, ги превртува на другата. Кога ќе бидат готови, роботот ги послужува и прашува каков прелив сакате врз нив.

Роботот Окономијаки или со индустриско име Motoman SDA10 е нов изум на јапонскиот производител на напредни машини и роботи Toyo Riki Co.
10.06.2009

































