
По бројните славни фаци, на кои им е овозможено да добијат фејсбук адреса со своето име, оваа можност ќе стане достапна и за обичните смртници. Сепак, ќе мора да побрзате, бидејќи се работи според максимата „кој прв - тој на врв!“
На 13 јуни во 6.00 часот Фејсбук ќе им овозможи на своите корисници да добијат адреса во формат www.facebook.com/mojotprekar, наместо досегаш- ниот www.facebook.com/profile.php?id=123456789
Изборот на саканата адреса се извршува по принципот „кој прв - тој на врв!“, така што мора да бидете брзи бидејќи адресите се единствени.
Фејсбук прво ќе им овозможи на сите веќе регистрирани корисници да ја променат адресата, со цел да се спречи креирање на нови профили за да се добие некое посакувано име.
Најавено е и дека еднаш креираната адреса на вашиот профил, ќе не може да се променува, со цел да се спречи трговијата со имиња.
10.06.2009



























