
Популарноста на Нокиа мобилните телефони меѓу тинејџерите од ден на ден опаѓа, а тоа особено се забележува последниве години, кога во трка со конкуренцијата финската компанија не успева да го одржи чекорот.
Во истражувањето спроведено меѓу 112.000 тинејџери од 30 земји, само 21 процент испитаници дека Нокиа е нивен омилен бренд меѓу мобилните телефони. Минатата година овој процент беше 29.
Една од причините би можело да биде тоа што Нокиа во овој момент едноставно не поседува ’кул’ телефони, атрактивни за масовниот пазар, велат експертите. Покрај тоа, забележано е дека Нокиа телефоните се понеконкурентни и во однос на цената.
Ваквиот развој на ситуацијата најмногу им одговараше на јужнокорејските компании Samsung Electronics и LG Electronics кои значајно го зголемија својот удел на пазарот за мобилни телефони.
Она што е најважно, за овие два производители клучната целна група се тинејџерите и голем дел од производството е наменет токму за нив.
Претставувањето на моделот Nokia 5800 на почетокот на годинава малку ја поправи ситуацијата, но ни близу доволно за да се врати старата популарност што ја имаше Нокиа своевремено.
9.06.2009



























