’Воинствениот ген’ виновен за уличните банди

Момчињата кои во себе носат одредена варијација на генот моноамин оксидаза А (МАОА), или популарно наречен „воинствен ген“ се понаклонети кон приклучување на улични банди, изразено насилство и употреба на оружје.

Научниците од државниот Универзитет во Флорида кои ја спроведоа оваа стујдаија, за прв пат ја потврдија поврзаноста на генот МАОА со насилство, приклучување на машките адолесценти во улични банди и со афинитетот за ракување со оружје.

Резултатите од истражувањето, исклучиво се однесуваат на машката популација. Женската популација покажала отпорност на неговото дејствување, покажува истата студија, објавена во месечникот Comprehensive Psychiatry.

Научниците, набљудувале повеќе од 2.500 лица, проучувајќи го нивната ДНК и информациите за нивниот животен стил.

Студијата фрли ново светло врз начинот на кој што доаѓа до интеракција меѓу генетиката и околината, во која што се појавуваат најекстремните насилни криминалци.

„Досега уличните банди се набљудуваа како социолошки феномен, нашето истражување покажува дека варијантата на специфичниот МАОА ген, во таа смисла игра значајна улога“, изјави криминологот Кевин М. Бивер од Универзитетот во Флорида.

„Поранешните истражувања ги поврзуваа нискоактивните варијанти на МАОА со широкиот спектар антисоцијални, па дури и насилни однесувања, но нашата студија дефинитивно потврди дека со варијантите на МАОА може да се предвиде дали има шанса некои момчиња да станат членови на улични банди“, објасни Бивер.

МАОА генот влијае на нивото на неуротрансмитерите како допамин и серотонин, кои се поврзани со расположението и однесувањето на човекот, а варијантата на генот набљудувана во студијата е поврзана до насилството и е наследна.

Некои студии открија како „воинствениот ген“ е доминантен во културите кои историски се одбележани со војни, судири и агресија. Студијата откри и дека „воинствениот ген “ е поврзан со Х-хромозомот и бидејќи мажите имаат само еден таков хромозом, а жените два, кај мажите не постои друг ген кој би го поништил делувањето на првиот, па затоа жените се отпорни на неговото делување.


9.06.2009



Најнова Фотка
Балканкан
Анкета
Временска Прогноза
Скопје сега

Температура: 14°C
Времето во моментов
Најнови вести
16:46
Книга на годината од 119 томови!
Во земјата на чудата
14:09
12:33
Запознајте ја рибата Шрек
Во земјата на чудата
12:23
Спорт
Баерн бара пари oд ФИФА за Робен
Баерн бара пари oд ФИФА за Робен
slikaАктуелниот шампион на Германија, Баерн Минхен во првите две кола доживеа неколку стресни ситуации и еден голем шок, а дел од вината ја префрлаат на Холандскиот фудбалски сојуз.
Шалке со најскап состав досега
Шалке со најскап состав досега
slikaПосле многу бројните трансфери ова лето вецешампионот на Германија, Шалке 04 го собра најскапиот состав од формирањето на клубот досега. Според елитниот спортски сајт „трансфермакет“ идеалната единаесеторка на Феликс Магат чини точно 101,5 милиони евра, а како најскапо проценет е младиот голман Ноер.
Мурињо: Милан може да ја освои Лигата на шампионите
Мурињо: Милан може да ја освои Лигата на шампионите
slikaНовиот тренер на Реал Мадрид смета дека Милан е еден од претендентите за освојување на Лигата на шампионите оваа година, со пристигнувањето на Ибра и Робињо на „Сан Сиро“.
Капело: Бев бог, а сега сум чудовиште
Капело: Бев бог, а сега сум чудовиште
slika„Ме направивте бог, а после тоа ме прогласивте за чудовиште, зар не е така? Оваа екипа изгуби само еден натпревар на СП, и тоа после огромна судиска грешка, но повеќе на тоа никој не се сеќава. После тоа мислењето за мене потполно се промени“, изјави Капело пред почетокот на квалификациите за Европското првенство.
Скандал: Европјаните смрдат како цркнати магариња
Скандал: Европјаните смрдат како цркнати магариња
slikaKoшаркарот на американската репрезентација Дени Гренџер предизвика скандал откако на својот профил на Твитер напишал дека европјаните смрдат како мртви магариња.
Резултати сега!
Фото
Смртоносни тетоважи Фото: Кој ќе исплива побрзо со секс кукли! Фото: Танцот на девиците за кралот на Свазиленд Швалери
Видео
Еве зошто кинеската стока е толку евтина! Го распара небото Жестока борба со кучиња Одвратно добар трик го шокираше жирито
(©) 2006-2010 Taratur.com