
Храбрите патувања на местата каде човекот никогаш не бил веројатно ќе ги направи луѓето ќелави, а да не спомнуваме дека ќе станат и дебели и грди, тврдат научниците!
Долгите патувања низ вселената, како оние што се предвидуваат за иднината, нема да бидат добри за изгледот на луѓето, па тие ќе станат дебели, ниски и ќелави, сметаат научниците.
Според нив, повеќегодишниот живот во вселената, дури и животот на повеќе генерации може да има лоши последици по изгледот на луѓето, бидејќи нема да имаат потреба за движење.
„Поради недостаток на гравитација, човечките коски и мускули нема да се развиваат“, вели астробиологот Луис Дартнел, на Фестивалот на наука во Челтенхем, Велика Британија.
Тој додава дека луѓето ќе имаат отечени лица и ќе ја губат косата бидејќи течностите ќе се повлекуваат во нивните черепи и нема да има потреба од изолација од студ.
„Без гравитација течноста ќе лебди во черепот поради што главата ќе изгледа отечено. Исто, без потреба од коса што ја изолира главата или трепките кои спречуваат прашина да упаѓа во очите, луѓето на иднината би можеле целосно да бидат без влакна“, додава Дартнел.
Дартнел исто така изнесе теорија како би можеле да изгледаат вонземјаните на други планети.
„Одредени карактеристики на човечкото тело, очите како камера, главата и нозете, би еволуирале со тек на време на различни светови, па така и многу карактеристики на вонземјански суштества веројатно веднаш би биле препознатливи. Меѓутоа, другите облици на живот, на пример бројот на екстремитети кај животните, бојата и обликот на растенијата, веројатно многу би варирале од свет до свет“, истакна научникот.
8.06.2009
































