
Во Европскиот парламент ќе седне и најмалку еден ’пират’ од Шведска. Пиратската партија, која се залага за слободно симнување филмови, музика и сл од интернет освои над 200.000 гласови!
Пиратската партија во 5.659 изборни единици освои околу 200.000 гласови што претставува 7,1% од шведското гласачко тело. Ова е голем успех за групата активисти кои се борат за дерегулација на системот за заштита на авторски права и намалување на надзорот на интернет.

Партијата, основана во 2006, својата најголема промоција ја доби по судењето против Pirate Bay, најпознатиот сајт за симнување торенти. По пресудата, бројот на членови се зголеми тројно, па сега партијата има околу 50.000 членови.

Според сегашните закони на ЕУ, за Шведска се предвидени 18 седишта во парламентот, но кога ќе биде изгласан Договорот од Лисабон, оваа бројка ќе порасне на 20, по што Пиратската партија ќе добие и уште еден застапник.
„Тоа е фантастично“, изјави кандидатот на Пиратската партија Кристијан Енгстром оценувајќи дека изборните резултати покажуваат оти за многу избирачи е важен личниот интегритет и правилниот однос кон новото информатичко општество.
8.06.2009


















Малкумина се оние кои себеси можат да си дозволат било каков стан во Лондон, а да не зборуваме за оној најскапиот и најлуксузниот во цела Велика Британија. Меѓутоа, има и такви среќници кои можат да ’издвојат’ вртоглави 65 милиони фунти од својот домашен буџет и да го купат токму тој, најскап и најлуксузен стан во Британија, кој се наоѓа во самиот центар на Лондон.






