
Фотографијата ’Карла Бруни в кревет’ продадена е за неверојатни 13.000 евра. Иако очекуваната цена беше многу помала, се најде анонимен купувач кој беше повеќе од великодушен.
На аукција во Берлин продадена е фотографијата на разголената прва дама на Франција, Карла Бруни.
Купувачот кој сакаше да остане анонимен, беше повеќе од великодушен, па за секси првата дама даде дури 13.000 евра.

Иако очекуваната цена за 15 години старата фотографија беше измеѓу 2500 и 3500 евра, сепак изгледа дека сопругата на Саркози и на свои 43 години е неодолива.
Продадената фотографија е дел од серијата 10 фотографии кои ги направи модниот фотограф Памела Хансон во 1994 година.
5.06.2009



























