Садомазо

Садизам е сексуално или несексуално задоволство од нанесување болка некому. Мазохизам е сексуално или несексуално задоволство од болка што некој ни ја нанесува. Садомазохизам е психолошка одлика на Македонци кои одат на одмор во Грција во вакви околности!

Грчките фашистички структури олицетворени во организацијата Златна зора, поддржани од актуелните власти упаднаа на промоцијата на македонско-грчкиот речник, организирана од Виножито.

Лулката на демонкратијата, државата која веќе еден век врши културен и етнички геноцид на македонското малцинство, уште еднаш, по 15 милиони 264 илјади и 375-ти пат го покажа своето вистинско лице. Не очекувам дека нашата влада ќе упати било каква нота, како што Грците тоа го прават за најбанални работи, ниту очекувам дека нивната опозиција ќе ги искара властите за ваквите екстремни нацистички потези.

Исто така не е за очекување дека садомазохистите од Македонија ќе се откажат од „пријатните“ грчки плажи, каде што гостопримливите домаќини ќе ги нагостат „скопјаните“ со многу понизни појадоци, ручеци и вечери во кои нашите мекотели ќе се чувствуваат пријатно.... со свиткана кичма нели!

Грција веќе 20 години го попречува евроинтегративниот процес на Македонија. Го попречува нејзиниот економски и политички напредок. Со ембарго, па со дополнителни услови, па со понижување и со проголтување на минималната национална гордост (она што никоја сериозна држава не би го направила, освен ако не е катастрофално поразена на воен план)....

Понижувањата продолжија и по смената на националното знаме и прифаќањето на трагикомичната референца. При секоја можност, без разлика дали станува збор за спортска или културна манифестација, погреб на близок роднина во родната грутка во Грција и сл. тамошните власти ја користеа секоја прилика да го понижат и уништат македонското ткиво. Австралиска државјанка на 85 години, не смее да појде на татковиот гроб – бидејќи се родила како Македонка!

Садомазохистите си одеа на летување.....

Понижувањата ескалираа во последниве години, кога Грците соочени со реалноста дека ќе станеме дел од најсилните воено-политички алијанси (НАТО и ЕУ) се обидоа и обидуваат да го решат наметнатиот проблем.

За таа цел, врбуваа(т) голем дел од внатрешниот фактор (прочитај во учебниците по Дефендологија, лекција психолошка или специјална војна) – медиуми, новинари, политички фактори, наводно незадоволни малцинства, невладини организации.

Наметнаа ’северен’ предлог, за кој ќе објаснам во следната прилика зошто е апсолутно кобен и неприфатлив. За мамката се фатија многу наивци, како и многу платеници. Се шибаат политички „дебатни“ емисии со фингирана тема со добропознати актери кои со години не убедуваат дека патриотизам е да го следиме предлогот на Бакојани.

Се штампаат неделници и бесплатни весници на наводно угнетени уредници со сомнителни сметки и ултра скапи џипови. Целта е повторно иста – да се прикаже дека Македонија е неразумна затоа што не сакала да го прифати предлогот која ниедна сериозна држава нема ни да го стави на разгледување на дневен ред по било која цена.

Очекувано, садомазохистите и годинава ќе завршат на плажите во Грција, да го пополнат грчкиот буџет. Имено, туризмот е втора стапка во грчкиот буџет за 2008 година, а од истиот буџет огромни средства се користат за антимакедонската кампања, која е една од примарните на грчките власти.

Садомазохизмот етички е во ред се додека и двајцата протагонисти се задоволни од своите улоги. Па додека ние сме задоволни од улогата на мазохисти, а Грците очигледно уживаат да бидат садисти, нема ни причина, а ниту повод да запре овој процес. Слободно мазохистички пратете ни разгледница од грчките плажи. Без проблем ќе ја објавиме!





Доколку имате било какви забелешки на оваа тема слободно коментирајте на нашиот Форум!

4.06.2009



Најнова Фотка
Балканкан
Анкета
Временска Прогноза
Скопје сега

Температура: 16°C
Времето во моментов
Најнови вести
13:22
Portugal 4 - Cyprus 4
Видео фудбал
13:21
Montenegro 1 - Wales 0
Видео фудбал
13:19
San Marino 0 - Holland 5
Видео фудбал
13:14
Liechtenstein 0 - Spain 4
Видео фудбал
13:13
Estonia 1 - Italy 2
Видео фудбал
13:12
Belgium 0 - Germany 1
Видео фудбал
13:10
France 0 - Belarus 1
Видео фудбал
13:07
England 4 - Bulgaria 0
Видео фудбал
16:46
Книга на годината од 119 томови!
Во земјата на чудата
14:09
12:33
Запознајте ја рибата Шрек
Во земјата на чудата
12:23
Спорт
Баерн бара пари oд ФИФА за Робен
Баерн бара пари oд ФИФА за Робен
slikaАктуелниот шампион на Германија, Баерн Минхен во првите две кола доживеа неколку стресни ситуации и еден голем шок, а дел од вината ја префрлаат на Холандскиот фудбалски сојуз.
Шалке со најскап состав досега
Шалке со најскап состав досега
slikaПосле многу бројните трансфери ова лето вецешампионот на Германија, Шалке 04 го собра најскапиот состав од формирањето на клубот досега. Според елитниот спортски сајт „трансфермакет“ идеалната единаесеторка на Феликс Магат чини точно 101,5 милиони евра, а како најскапо проценет е младиот голман Ноер.
Мурињо: Милан може да ја освои Лигата на шампионите
Мурињо: Милан може да ја освои Лигата на шампионите
slikaНовиот тренер на Реал Мадрид смета дека Милан е еден од претендентите за освојување на Лигата на шампионите оваа година, со пристигнувањето на Ибра и Робињо на „Сан Сиро“.
Капело: Бев бог, а сега сум чудовиште
Капело: Бев бог, а сега сум чудовиште
slika„Ме направивте бог, а после тоа ме прогласивте за чудовиште, зар не е така? Оваа екипа изгуби само еден натпревар на СП, и тоа после огромна судиска грешка, но повеќе на тоа никој не се сеќава. После тоа мислењето за мене потполно се промени“, изјави Капело пред почетокот на квалификациите за Европското првенство.
Скандал: Европјаните смрдат како цркнати магариња
Скандал: Европјаните смрдат како цркнати магариња
slikaKoшаркарот на американската репрезентација Дени Гренџер предизвика скандал откако на својот профил на Твитер напишал дека европјаните смрдат како мртви магариња.
Резултати сега!
Фото
Смртоносни тетоважи Фото: Кој ќе исплива побрзо со секс кукли! Фото: Танцот на девиците за кралот на Свазиленд Швалери
Видео
Еве зошто кинеската стока е толку евтина! Го распара небото Жестока борба со кучиња Одвратно добар трик го шокираше жирито
(©) 2006-2010 Taratur.com