Можниот раскол во ЛДП – Пат на самостоен настап или фузирање во СДСМ

Пишува: Александар Авукатов

Изминатиов период, политичкото внимание е насочено кон расколот кој се случуваше во НСДП и ДПА, настани кои некако го оттргнаа вниманието на јавноста од случувањата во Либерално - демократската партија.

Внатрепартиските активности значително се зголемија по завршувањето на локалните и претседателските избори, кои на еден начин доведоа до повторна прераспределба на силите во партијата. По овие избори, на политичката сцена во Македонија, а и на голема врата во матичната ЛДП, се врати старо-новиот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски.

Овој настан, како и неколкуте телевизиски настани и неколку спорадични информации пренесени преку медиумите, дадоа неколку сигнали кои укажуваат на внатре-партиските турбуленции во ЛДП, како и неколку можни насоки во кои би се движела партијата во наредниот период.

ЛДП на овие избори по цела деценија на коалиционо настапување, во согласност со насоките и ветувањето при изборот за претседател на ЛДП Јован Манасиевски, настапи самостојно на изборите, со свои советнички листи, кандидат за Претседател на РМ, кандидат за градоначалник на Град Скопје, на кои постигна очекувани резултати.

Самите резултати предизвикаа силни реакции во самата партија, при што се одвоија две најсилни страни (крила е можеби пресилен збор).

Една страна предводена од страна на Претседателот на ЛДП Манасиевски кои ја оправдуваа одлуката за самостоен настап на изборите, и втората страна, предводена од Стевчо Јакимовски, кои подолго време јавно ги искажува неговите несогласувања со претседателот и раководството на партијата.

Несогласувањата кои ги имаше Јакимовски со некои партиски одлуки не се новитет, но сепак истите добија на сила благодарејќи на фактот што тој стана единствениот градоначалник од редовите на оваа партија, но и единствен градоначалник на опозицијата во Скопје (Скопје е ВМРО-вски град освен Карпош).

Сепак, доколку се анализираат последните неколку настапи на Јакимовски и на уште неколку негови поблиски соработници, тогаш повеќе од јасно е дека станува збор за многу повеќе отколку некакво помало незадоволство или несогласување на неколку одлуки, туку дека станува збор за целосно несогласување со еден концепт и начелна насока на делување.

Еден од водечките постулати на овие тврдења е настапот на Стевче Јакимовски пред околу 1 месец на емисијата Вин-Вин на Алфа телевизија, каде со водителката Оливера Трајковска дискутираа за разни работи, меѓу другото и за внатре – партиските прилики. Острите критики на Јакимовски кон актуелното раководство, како што претходно напоменав, и не се некој поголем новитет, но сепак во оваа емисија доколку не се знаеше од која партија настапува, сигурен сум дека најголемиот број на гледачи ќе претпоставеа со леснотија дека истиот е некој од челните луѓе на СДСМ.

На моменти во неговиот настап (а и потпрашан од водителката), Јакимовски отиде дотаму што им се заблагодари на ЛДП што не му ја саботирале кампањата и го оставиле слободно да работи со СДСМ??!

Во наредните 20 минути, Јакимовски продолжи фалејќи ја работата на СДСМ и неговиот Центар за информирање на јавноста, говореше за потреба на обединета опозиција...

Во приближно истиот период, портпаролот на неговиот изборен штаб Љупчо Пренџов, за велешкиот портал Лисица, во неговото интервју повеќе или помалку ги користи истите тези и дисквалификации кон Манасиевски и раководството.

Во истото човекот прави неколку евтини спин трикови, дали за да даде на значење на Коцевски и Јакимовски, или пак човекот навистина не прави разлика помеѓу СДСМ и ЛДП.

Анализирајќи ги овие неколку медиумски настани, морам да кажам дека истите ме наведуваат на два заклучока: првиот и поочигледен, дека Стевчо Јакимовски оваа изборна победа ќе ја искористи за зацврстување на својата позиција во ЛДП како и за негов втор обид за да стане нејзин претседател, но и оној помалку воочливиот, но и побитен заклучок. Тој заклучок е дека во ЛДП се одвива една тивка битка помеѓу две крила за тоа како треба да продолжи да функционира ЛДП: како самостојна опозициона партија, или пак да функционира како уште еден сателит партија на СДСМ.

Манасиевски на овие избори го исполни своето изборно ветување за самостоен настап и самостојно соочување со граѓаните, кои донесоа какви - такви резултати.

Од другата страна, се наоѓаат оние кои упорно сакаат да ја задржат блиската соработка, па и покорност во однос на СДСМ. Во оваа група, повеќе од очигледно е дека се наоѓаат оние општински организации каде и претходно ЛДП имала градоначалници кои морале да коегзистираат многу блиску со СДСМ, а тоа се Карпош и Велес. Навистина беше интересна реакцијата на Јакимовски околу случајот со гласањето за Претседател за Совет на Општина Центар, каде истиот остро го осуди и го нарече “деградирање на партијата како сок за растворање”, притоа заборавајќи да спомене дека тој како Градоначалник на ЛДП има само еден советник и целосно зависи од волјата на СДСМ.

Очигледната благонаклонетост на медиумите под контрола на СДСМ не изостанаа во секојдневната поддршка на нивниот нов херој во Скопје. Дел од сето тоа е разбирливо како еден вид на поддршка на единствениот претставник на опозицијата во Скопје, ама на моменти многу лесно можеа да се забележи и мешањето на СДСМ во внатре – партиските работи на ЛДП. Ова е забележително на повеќе основи: билдање на рејтингот на Јакимовски преку неверојатно голем медиумски простор, ексклузивни интервјуа и настапи по емисии (Јакимовски доби предимство пред Шеќеринска и др. Гости на Алфа), но и преку пласирањето на информации дека Манасиевски игра на карта за влез во власта, што е повеќе од очигледно уривање на имиџот на Манасиевски во очите на неговото членство.

Анализирајќи ја ЛДП и нејзиниот развој изминативе неколку месеци, може да се увиди еден вид на повторување на историјата, доколку ја гледаме НСДП пред повеќе од една година. ЛДП треба да направи избор во слична позиција и возможно да се соочи со судбината на НСДП за која читаме деновиве.

Изборот не е црно – бел и едноставен, а можните импликации се повеќе на број.

Може ЛДП да продолжи со самостојно профилирање на политичката сцена, при што го очекуваат неколку можни исходи: останување на овие 30.000 – 40.000 гласови, пропаѓање или пак растење во вистинска трета опција.

ЛДП може и да се врати под закрилата на СДСМ како коалиционен партнер или т.н. Сателит Партија, но може да оди до таму и целосно да се фузира (приклучи) во СДСМ.

Како и да е, потезите и медиумските пораки на челните актери на ЛДП ќе бидат интересни за следење наредниов период.







Авторот е дипломиран политиколог и сопственик на блогот: konzervativ.blog.com.mk.



4.06.2009



Најнова Фотка
Балканкан
Анкета
Временска Прогноза
Скопје сега

Температура: 15°C
Времето во моментов
Најнови вести
16:46
Книга на годината од 119 томови!
Во земјата на чудата
14:09
12:33
Запознајте ја рибата Шрек
Во земјата на чудата
12:23
Спорт
Баерн бара пари oд ФИФА за Робен
Баерн бара пари oд ФИФА за Робен
slikaАктуелниот шампион на Германија, Баерн Минхен во првите две кола доживеа неколку стресни ситуации и еден голем шок, а дел од вината ја префрлаат на Холандскиот фудбалски сојуз.
Шалке со најскап состав досега
Шалке со најскап состав досега
slikaПосле многу бројните трансфери ова лето вецешампионот на Германија, Шалке 04 го собра најскапиот состав од формирањето на клубот досега. Според елитниот спортски сајт „трансфермакет“ идеалната единаесеторка на Феликс Магат чини точно 101,5 милиони евра, а како најскапо проценет е младиот голман Ноер.
Мурињо: Милан може да ја освои Лигата на шампионите
Мурињо: Милан може да ја освои Лигата на шампионите
slikaНовиот тренер на Реал Мадрид смета дека Милан е еден од претендентите за освојување на Лигата на шампионите оваа година, со пристигнувањето на Ибра и Робињо на „Сан Сиро“.
Капело: Бев бог, а сега сум чудовиште
Капело: Бев бог, а сега сум чудовиште
slika„Ме направивте бог, а после тоа ме прогласивте за чудовиште, зар не е така? Оваа екипа изгуби само еден натпревар на СП, и тоа после огромна судиска грешка, но повеќе на тоа никој не се сеќава. После тоа мислењето за мене потполно се промени“, изјави Капело пред почетокот на квалификациите за Европското првенство.
Скандал: Европјаните смрдат како цркнати магариња
Скандал: Европјаните смрдат како цркнати магариња
slikaKoшаркарот на американската репрезентација Дени Гренџер предизвика скандал откако на својот профил на Твитер напишал дека европјаните смрдат како мртви магариња.
Резултати сега!
Фото
Смртоносни тетоважи Фото: Кој ќе исплива побрзо со секс кукли! Фото: Танцот на девиците за кралот на Свазиленд Швалери
Видео
Еве зошто кинеската стока е толку евтина! Го распара небото Жестока борба со кучиња Одвратно добар трик го шокираше жирито
(©) 2006-2010 Taratur.com