Македонија меѓу погодените со климатските промени

Најпогодени со екстремните климатски промени во Источна Европа и Централна Азија ќе бидат Русија, Албанија, Турција и Ерменија, а веднаш зад нив се Македонија и Таџикистан.

Ова се наведува во извештајот на Светската банка за прилагодување на климатските промени, презентиран синоќа во Бон, во кој се оценува дека регионот на Централна и Источна Европа, како и на Централна Азија ќе биде погоден со климатските промени многу повеќе отколку што се очекуваше.

Регионот веќе ги чувствува климатските промени преку пораст на температурите, хидролошките промени, поизразените суши, поплавите, топлотните бранови, како и зимските бури и шумските пожари.

Просечната температура во регионот од почетокот на 20-тиот век пораснала за 0,5 степени во јужниот дел, до 1,6 степени во северниот дел.

Во Извештајот се очекува зголемување на просечните температури за 1,6 до 2,6 степени Целзиусови до половината на овој век.

Се очекува во северниот дел на регионот бројот на зимските денови со температура под нулата да биде намален за 14 на 30, во текот на наредните 20 до 40 години, додека јужните делови, вклучувајќи ја и Македонија би можеле да доживеат најголеми промени во текот на летните сезони со зголемување на бројот на деновите со температура над 30 степени целзиусови од 22 на 37.

Промените во нивото на морињата, како уште една последица од климатските промени, според извештајот, најизразени ќе бидат во Балтичкото море, Источниот дел на Јадранското море и Медитеранскиот брег на Турција, Црното море, како и во Каспиското море и во Рускиот дел на Северниот леден океан.

Претставничката на Светската банка Мериен Феј, која е и авторка на Извештајот смета дека влијанието на климатските промени во земјите од источна Европа и централна Азија ќе биде поголемо поради лошата инфраструктура и малите вложувања во заштита на животната средина.

Регионот може да ја зголеми отпорноста на климатските промени со зголемување на инвестициите во инфраструктурата и заштитата на животната средина, кои пак имаат позитивно влијание на одржливиот развој, оцени Феј.

Извештајот беше претставен на разговорите за климатските промени во Бон на Рамковната конвенција на Обединетите нации за промените во климата (УНФЦЦЦ).



Copyright 2009 Makfax. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Makfax


3.06.2009



Најнова Фотка
Балканкан
Анкета
Временска Прогноза
Скопје сега

Температура: 15°C
Времето во моментов
Најнови вести
16:46
Книга на годината од 119 томови!
Во земјата на чудата
14:09
12:33
Запознајте ја рибата Шрек
Во земјата на чудата
12:23
Спорт
Баерн бара пари oд ФИФА за Робен
Баерн бара пари oд ФИФА за Робен
slikaАктуелниот шампион на Германија, Баерн Минхен во првите две кола доживеа неколку стресни ситуации и еден голем шок, а дел од вината ја префрлаат на Холандскиот фудбалски сојуз.
Шалке со најскап состав досега
Шалке со најскап состав досега
slikaПосле многу бројните трансфери ова лето вецешампионот на Германија, Шалке 04 го собра најскапиот состав од формирањето на клубот досега. Според елитниот спортски сајт „трансфермакет“ идеалната единаесеторка на Феликс Магат чини точно 101,5 милиони евра, а како најскапо проценет е младиот голман Ноер.
Мурињо: Милан може да ја освои Лигата на шампионите
Мурињо: Милан може да ја освои Лигата на шампионите
slikaНовиот тренер на Реал Мадрид смета дека Милан е еден од претендентите за освојување на Лигата на шампионите оваа година, со пристигнувањето на Ибра и Робињо на „Сан Сиро“.
Капело: Бев бог, а сега сум чудовиште
Капело: Бев бог, а сега сум чудовиште
slika„Ме направивте бог, а после тоа ме прогласивте за чудовиште, зар не е така? Оваа екипа изгуби само еден натпревар на СП, и тоа после огромна судиска грешка, но повеќе на тоа никој не се сеќава. После тоа мислењето за мене потполно се промени“, изјави Капело пред почетокот на квалификациите за Европското првенство.
Скандал: Европјаните смрдат како цркнати магариња
Скандал: Европјаните смрдат како цркнати магариња
slikaKoшаркарот на американската репрезентација Дени Гренџер предизвика скандал откако на својот профил на Твитер напишал дека европјаните смрдат како мртви магариња.
Резултати сега!
Фото
Смртоносни тетоважи Фото: Кој ќе исплива побрзо со секс кукли! Фото: Танцот на девиците за кралот на Свазиленд Швалери
Видео
Еве зошто кинеската стока е толку евтина! Го распара небото Жестока борба со кучиња Одвратно добар трик го шокираше жирито
(©) 2006-2010 Taratur.com