Видео: Нов фашистички упад врз Македонците во Грција

Фашистичкото движење Златна зора упадна на промоцијата на грчко-македонскиот речник во Атина што го организираше Виножито. Грчките фашисти дивееја и кршеа во салата, а бил повреден еден новинар. Погледнете!

Група од 20 - 30 припадници на фашистичкото движење Златна зора упаднаа на промоцијата организирана од Виножито и бескрупулозно дивееја и кршеа во салата.

Половина час по почетокот на промоцијата маскираните насилници со амблеми на десничарското движење упаднаа во прес центарот кај министерството за надворешни работи во Атина со цел да испровоцираат инцидент.

Прво вербално ги нападнаа промоторите, а потоа ја кршеа опремата и го уништија пропагандниот материјал на организацијата Виножито.

Сакајќи да ги сними со својата камера, од физички напад се спаси и еден од промоторите, познатиот американски славист и лингвист Виктор Фридман кој беше гостин на промоцијата.

На снимките на телевизијата Сонце се гледа како еден од членовите на групата насилници и се заканува на професорката од Универзитетот во Волос и се обидува со својот шлем да го удри Фридман во што е спречен од предводникот на групата насилници.

Откако не успеале да испровоцираат потежок инцидент и добиле информации дека се приближува полиција, неонацистите избегале, а промоцијата иако со тензија продолжила.

По доаѓањето на полицијата и по информациите дека други групи на грчки радикални структури се подготвуваат за други инциденти и напади на членовите на „Виножито“ се повлекле на периферија на Атина.



„Тоа е порака од државата по нашите поактивни дејности. Изгледа почна да се плаши системот и како начин на одговор, на малото дете еден голем газда се плаши и праќа едно лошо куче да лае, ама го контролира кучето да не каса со надеж дека ќе го преплаши малото дете зошто ако направи уште повеќе и кучето ако почне да каса ќе биде невиден срам и не може да се скрие“, изјави за Канал 5 Павле Васкопулос од Виножито.

„Грчки ултранационалисти, неонацисти и хулигани се обидоа да влезат во салата и да ја спречат промоцијата на речникот. Иако задоцнето, полицијата интервенираше и спречи поголем инцидент“, изјави Васкопулос за агенцијата Макфакс.

Во инцидентот бил повреден еден новинар на грчкиот весник „Прототема“, кој бил нападнат од хулиганите.

Промоцијата на речникот ја следеле и други грчки новинари од неколку телевизии и печатени медиуми.

„Успешната промоција на современиот Грчко-Македонски речник за нас е уште еден мотив да продолжиме со нашата борба за одбрана на македонштината, за признавање на македонското малцинство и за демократизација на грчкото општество“, изјави членот на претседателството на партијата на Македонците во Грција, „Виножито“, Павле Васкопулос.


3.06.2009



Најнови вести
15:31
Измачувачот Чарлс Дарвин
Научна Реалност
15:01
Играчки од пеколот!
Во земјата на чудата
11:13
11:11
Екстра
За 65 милиони фунти, се продава најскапиот стан во Британија
За 65 милиони фунти, се продава најскапиот стан во Британија
slikaМалкумина се оние кои себеси можат да си дозволат било каков стан во Лондон, а да не зборуваме за оној најскапиот и најлуксузниот во цела Велика Британија. Меѓутоа, има и такви среќници кои можат да ’издвојат’ вртоглави 65 милиони фунти од својот домашен буџет и да го купат токму тој, најскап и најлуксузен стан во Британија, кој се наоѓа во самиот центар на Лондон.
Стан кој има сè што е потребно за совршен дом
Стан кој има сè што е потребно за совршен дом
slikaШто повеќето луѓе посакуваат од станот? Простор, удобност, стил и постојано чувство на добредојде, приватно место одделено од светот? Овој стан во Украина со своите 300 квадратни метри, мора да се сложите, ги исполнува сите споменати услови.
Конечно - она што го баравте со години!
Конечно - она што го баравте со години!
slikaШто имаат заедничко Зулфу Ливанели, Славе Димитров, Енио Мориконе и Иван Терзиев? Нема никогаш да дознаете, ако не го видите ова што ви го нудиме, а што ќе ви побуди еден куп емоции. Уживајте!
Елеганција во која сивата боја е сè само обична не
Елеганција во која сивата боја е сè само обична не
slikaДека сивата боја може да биде и тоа како убава и пријатна во уредувањето на енетриерот пример е овој елегантен стан во Лондон кој се протега на дури 4.700 квадратни метри.
Погледнете како изгледаат куќите на иднината
Погледнете како изгледаат куќите на иднината
slikaСе повеќе луѓе сакаат да се издвојат од масата, па се одлучуваат за живот во футуристички куќи кои се изградени на необични локации и од необични материјали, а кои личат на се, само не на конвенционални станбени зданија.
Резултати сега!
Анкета
(©) 2006-2012 Taratur.com