’Македонија - вечна’ - најдобар спот

На гала вечер во древниот град Плок, близу Варшава, изминатиов викенд е врачена наградата за најдобар туристички спот за $Македонија – вечна$ на Милчо Манчевски, освоена на Меѓународниот фестивал за туристички филмови и спотови.

’Македонија – вечна’ победи во конкуренција од над 30 кандидати од Европа, Азија и Африка. Во конкуренцијата меѓу другите беа и кампањите на Индија, Црна Гора, Грција и други. Овој фестивал е од големо значење за туристичката промоција на земјите, а организатор е Меѓународниот комитет за туризам.

Наградата на свеченоста во Плок ја прими Елена Станишева, една од продуцентите на спотот.

„Македонија ја доби првата награда за најдобар туристички спот, позиционирајќи се како земја чија богата историја е покана за туристите. Наградите ги додели жирито составено од експерти од Полска, Данска и Австрија, а на церемонијата на врачувањето присуствуваа и над 50 гости од целиот свет. Гала вечерта заврши со вечера и забава во замокот во Плок, кој бил стариот главен град на Полска. Иако трае само 60 секунди, спотот ’Македонија – вечна’ е резултат на скоро тримесечна макотрпна работа на голема екипа, а по Полска, спотот веќе е поканет на други слични фестивали, меѓу кои и во Португалија, Романија и други. Сето ова покажува дека целната група на спотот е погодена, и очекуваме ефекти во туризмот во иднина“, изјави Елена Станишева.

По повод наградата режисерот Манчевски изјави:

„Ова е веројатно еден мал доказ дека квалитетот понекогаш се вреднува.“

Спотот "Македонија - вечна" беше премиерно прикажан во декември минатата година кога предизвика бројни реакции. Се прикажува на Си-Ен-Ен и уште во десетина земји. Сајтот на спотот и бројните Интернет постови ги посетиле над половина милион гледачи.

Пред два месеци еден од најугледните туристички водичи во светот "Брад" пишуваше исклучително пофално за овој спот, подвлекувајќи: "Величествената реклама на Манчевски конечно ја претставува Македонија како рамноправна меѓу многуте одлични реклами за топ туристички дестинации".




1.06.2009



Најнова Фотка
Балканкан
Анкета
Временска Прогноза
Скопје сега

Температура: 14°C
Времето во моментов
Најнови вести
16:46
Книга на годината од 119 томови!
Во земјата на чудата
14:09
12:33
Запознајте ја рибата Шрек
Во земјата на чудата
12:23
Спорт
Баерн бара пари oд ФИФА за Робен
Баерн бара пари oд ФИФА за Робен
slikaАктуелниот шампион на Германија, Баерн Минхен во првите две кола доживеа неколку стресни ситуации и еден голем шок, а дел од вината ја префрлаат на Холандскиот фудбалски сојуз.
Шалке со најскап состав досега
Шалке со најскап состав досега
slikaПосле многу бројните трансфери ова лето вецешампионот на Германија, Шалке 04 го собра најскапиот состав од формирањето на клубот досега. Според елитниот спортски сајт „трансфермакет“ идеалната единаесеторка на Феликс Магат чини точно 101,5 милиони евра, а како најскапо проценет е младиот голман Ноер.
Мурињо: Милан може да ја освои Лигата на шампионите
Мурињо: Милан може да ја освои Лигата на шампионите
slikaНовиот тренер на Реал Мадрид смета дека Милан е еден од претендентите за освојување на Лигата на шампионите оваа година, со пристигнувањето на Ибра и Робињо на „Сан Сиро“.
Капело: Бев бог, а сега сум чудовиште
Капело: Бев бог, а сега сум чудовиште
slika„Ме направивте бог, а после тоа ме прогласивте за чудовиште, зар не е така? Оваа екипа изгуби само еден натпревар на СП, и тоа после огромна судиска грешка, но повеќе на тоа никој не се сеќава. После тоа мислењето за мене потполно се промени“, изјави Капело пред почетокот на квалификациите за Европското првенство.
Скандал: Европјаните смрдат како цркнати магариња
Скандал: Европјаните смрдат како цркнати магариња
slikaKoшаркарот на американската репрезентација Дени Гренџер предизвика скандал откако на својот профил на Твитер напишал дека европјаните смрдат како мртви магариња.
Резултати сега!
Фото
Смртоносни тетоважи Фото: Кој ќе исплива побрзо со секс кукли! Фото: Танцот на девиците за кралот на Свазиленд Швалери
Видео
Еве зошто кинеската стока е толку евтина! Го распара небото Жестока борба со кучиња Одвратно добар трик го шокираше жирито
(©) 2006-2010 Taratur.com