
Актот на славниот поранешен пар Мадона и Гај Ричи е ставен на аукција. Ќе биде интересно да се види колку пари ќе понудат обожавателите за Гај и Мадона на платно.
Ако отсекогаш сте сонувале над креветот да ви висат Мадона и Гај Ричи на платно, сега можете да си го остварите сонот.
Имено, оваа недела во Шкотска сликата од голата Мадона и Гај ќе биде ставена на јавно наддавање.
Иако постои од 2005 година кога уметникот Питер Хоусон ја наслика во техника масло на платно, се очекува на аукцијата да достигне цена од 35 илјади долари.
Воопшто не е спорно дека сликата поради нивното неодамнешно раскинување доби уште поголема вредност. Но, таа е само една во низата на голи слики на поп – кралицата Мадона која ја насликал Хоусон.
28.05.2009

































