Доларот сепак останува „светска валута“
Пишува: Виктор Трифуновски


Кому најмногу му веруваат инвеститорите кога се во прашање нивните слободни финансисики средства..?

Ова особено важи денес, во услови на рецесија, кога се потешко се наоѓаат сигурни места и сигурни начини за инвестирање. Одговорот повторно гласи: на Соединетите Американски Држави, односно на државата од каде и почна денешнава криза достигнувајки планетарни размери.


Поточно, американските државни обврзници денес, во услови на зголемена недоверба од страна на финансиските институции, повторно се сметаат за најсигурна инвестиција. САД, како една од најразвиените пазарни економии, која се задолжуваше по вонредно поволни услови во последниве неколку децении, со цел да ги задоволи своите потрошувачки апетити, денес очигледно се задолжува со цел да ја спаси сопствената економија.

Паралелно со овој процес, нејзините кредитори - купувачите на американските државни обврзници, веќе традиционално го имаат САД како најсигурен плаќач на нивните побарувања.

Многубројните инвестициони банки, приватни пензиски фондови, осигурителни компании и други финансиски институции, буквално зависат од редовната отплата на сопствените побарувања спрема владата на САД. Милиони пензии ширум светот, исплати на животни и неживотни осигурувања, исплати на дивиденди и камати на огромен број клиенти, зависат од редовната отплата на долгот кој САД го имаат спрема разно-разните финансиски институции.

Сите овие имаат интерес доларот да остане светска валута, што постабилна, а САД се разбира, што поредовна во сервисирањето на своите побарувања како и во минатото.

Безрезервното верување се огледа и во тоа што американските државни обврзници се откупувани со каматна стапка од само 1%. Наспроти ова, некои европски држави за своите државни обврзници исплатуваат и до 13% годишна камата, Македонија своите евро-обврзници ги продава со камата од скоро 10%...и повторно инвеститорите почесто купуваат американски одошто евро-обврзници.

Зошто евро-обврзниците, дури и оние од Западна Европа, се толку неатрактивни, кога зад нив стои поцврста валута од доларот...?

Богатите земји од Западна Европа го игнорираат фактот дека ефектите од економската криза се различни во Источна Европа, па спрема своите партнери од исток се однесуваат како во процесот на проширување. Критериумите за членство во еврозоната остануваат исти како и во времето кога Источна Европа економски растеше со забрзано темпо. Таквите критериуми воопшто не се променети во новонастанатата кризна ситуација. Со континуираното подигнување на цената на еврото, без вистинска стратегија за прифаќање на нестабилните валути од остатокот на европскиот континент, како и со се почестото губење на довербата во заедничката валута, фактички се поткопуваат темелите на европската монетарна унија. Европската Унија, и покрај моменталниот курс на еврото, сепак на монетарен план делува како „раштиман оркестар“.

Тоа инвеститорите јасно го приметуваат, па за инвестирање на своите средства купуваат долари. На тој начин, дури и најголемите заговорници за субституција на доларот како светска валута, во пракса својата доверба ја препуштаат на доларските, а не на евро-обврзниците.






Авторот е уредник на блогот capitalism.blog.com.mk


24.05.2009



Најнова Фотка
Автомобилска еволуција
Анкета
topki+
Да му помогнеме на малиот Јане
Да му помогнеме на малиот Јане
Временска Прогноза
Скопје сега

Температура: 2°C
Времето во моментов
Најнови содржини
16:23 Дали мајка ви е на Фејсбук? Во земјата на чудата
00:17 Barcelona 4 - 0 Stuttgart Видео фудбал
00:16 Bordeaux 2 - 1 Olympiakos Piraeus Видео фудбал
Спорт
Демонстрација на моќ на Каталонците!
Демонстрација на моќ на Каталонците!
slikaЕвропскиот шампион набрзина ги реши сите дилеми и покажа дека ќе биде најнепосакуваниот противник во четвртфиналето. Повторно блескаше Меси кој постигна два прекрасни гола. Во другиот меч, Бордо повторно го совлада Олимпијакос.
Демикелис: Балак не ми се ни јави
Демикелис: Балак не ми се ни јави
slikaДефанзивецот на Баерн Минхен изјави дека е навистина разочаран од тоа што неговиот поранешен согирач го повредил и не се извинил за тоа.
Полудениот Тери прегази навивач
Полудениот Тери прегази навивач
slikaКапитенот на Челзи не беше баш најрасположен по елиминацијата од ЛШ од Интер. Излегувајќи од Стемфорд Бриџ ги изгуби нервите и прегази навивач кој се обиде да го фотографира.
Мурињо го елиминираше Челзи, голманот Палоп – Севиља!
Мурињо го елиминираше Челзи, голманот Палоп – Севиља!
slikaЖозе Мурињо пред мечот рече дека никогаш не губи на Стемфорд Бриџ, а тоа и го докажа на реваншот во кој Самуел Ето го ликвидираше Челзи од ЛШ. Во другиот меч, ЦСКА сензационално славеше во Севиља.
Македонија ја победи Грција!
Македонија ја победи Грција!
slikaМакедонската ватерполо репрезентација го совлада големиот ривал, селекцијата на нашиот јужен сосед со 7:6 и ја забележа првата победа во Светската лига.
Резултати сега!
Фото
Кој рече дека кај нас имало многу снег? Фото: Голотија и живи бои на тату шоу Знаменосец Реконструкција на детски цртежи
Видео
Супер жена со невозможно силни мускули Би бил главен фаца на Дивиот запад Одлутан коњ спасен со хеликоптер Невидена несреќа на автопат
(©) 2006-2010 Taratur.com