
Групата Љубојна започна со снимањето на новиот албум “Песна за Мојата Песна”. Целиот албум е поставен на стихови на Петре М. Андреевски и содржи материјал кој трае педесетина минути концептирани во осум песни.
Звукот и стилот на албумот, во споредба со претходниот материјал се нешто невообичаено и ново за групата Љубојна. Овој албум целосно ќе биде во знак на Петре М. Андреевски. Насловната страна на омотот и дизајнот ќе бидат изработени од сликарот Сергеј Андреевски, синот на големиот автор. Со оглед на ова, се очекува интересен потфат. Тон мајстор на сесиите е Ален Хаџи-Стефанов.
Инаку, по П.С.О (P.S.O.) и Македонија Фреш (Macedonia Fresh), ова ќе биде трет албум на Љубојна. Покрај тоа, групата ќе одржи и неколку концерти. На 22 мај Љубојна се во Прилеп, како дел од деновите на Крали Марко. На 2 јуни ќе настапат на Оф Фест во Скопје, а на 6 јуни ќе одржат самостоен концерт во Фрајбург, Германија, во рамките на манифестацијата Скопје - Фрајбург 009.
22.05.2009

































