
Денеска, во Домот за стари лица во Злокуќани, заврши мини турнејата на Влатко Стефановски посветена на маргинализираните групи во општеството, насловена „Мала дневна музика“.
Во изминативе пет дена (18 – 22 мај) гитарскиот виртуоз посети пет институции кои згрижуваат маргинализирани групи – Детското СОС село, КП Дом Идризово (женски оддел), Сојузот на слепи лица, Душевната болница Бардовци и Домот за стари лица
во Злокуќани.
- Ја завршивме серијата и за пет дена обиколивме места каде обично не се случуваат вакви настани. На мое огромно задоволство, им приредивме убава размена на музичка енергија. Се надевам, а познавајќи се себеси и мојата ’лесна нога’ дека нема да останам единствениот кој го направил ова. Ги охрабрувам и моите колеги да се обидат да внесат барем малку убавина во животите на овие луѓе, изјави Влатко Стефановски.

Во сите овие институции Влатко одржа едночасовен солистички концерт изведувајќи ги неговите познати хитови како и неколку традиционални македонски композиции.
Приемот кај штитениците на овие установи беше извонреден. Некриејќи ги своите емоции, тие ги пееа познатите рефрени, игра и вистински се забавуваа.
22.05.2009


























