Здраво генијалци!

(Фото: Дневник)

Читам пред некој ден во весник, 160 средношколци, потенцијални бруцоши, ќе мора да полагаат приемен тест на факулетот по информатика иако имале просек 5.00.

И иако мрзливоста понекогаш знае добро да ме совлада, овој пат изрипав наеднаш ко каснат од оса, застанав цврсто на двете нозе, се исправив гордо, ја ставив капата што обично ја носел дедо ми кога бркал источни окупатори пред 60 и кусур години, го облеков светло синото сако што си го заборави тетин ми од Австралија во 78-ма, го закопчав до најгорното копче, ја ставив значката од извидничко, искористив малку од бујната ми фантазија и извикав гордо: Народ што има ваква младина, не треба да се плаши за својата иднина!

И ќе ми прости Ѕинго што ја употребив нему омилената маршалова мисла, а и сите (не)почитувачи на ликот и делото на средното училиште во центарот на Скопје, што посакав за миг и јас барем два пати во годината да апсорбирам сончеви зраци на Бриони и да си се возам со личната флота.

Туку, да не забегам многу во муабетов, навистина голем кеф ми се направи кога прочитав - 160 генијалци пријателе, 160 Ајнштајни, Моцарти, Борови, Коневци, Евклиди, Херодотовци, Џејмс Ватсони собрани во едно.


Јас кога би бил премиер или нешто слично (би можел да се искористи секој збор што означува лице кое има прилично голема власт во една држава) би наредил сите тие 160 млади лица, како што се собрале да се запишат организирано, со климатизирани автобуси (не, нема во Никуштак да се носат), право на тестирање од Менса. Да им се платат тие 300 денари (толку беше, можеби поскапело, не знам) за моливчето и тестовите, плус 620 денари дневница и да се провери IQ на сите тие наши генијалци.

Па, понатаму кога ќе останеме запрепастени со бројките – јас верувам дека просекот на тие 160 потенцијални информатичари ќе биде над 150, да размислиме каква стратегија ќе употребиме, затоа што секоја паметна држава, гледа како да ги канализира во свои цели сите силни умови во неа.

Но, да не дозволам да премине граници сарказмов, па да ме споредувате со една тетка што пишува колумни во еден тиражен дневен весник во сабота, искрено речено, ова меѓу нас нека остане, мислам дека ситуацијата и не е толку розова.

Всушност, да бидам уште поискрен, се повеќе сум уверен дека средношколскиот систем ни е повеќе од катастрофален. Зашто, над 50% ученици да имаат просек од 5.00, тоа значи дека или живееме во генијална држава или критериумите да добиеш петка би биле вакви:

По историја, треба да знаеш дека имало Втора светска војна, не е битно кој со кого се борел, битно е дека имало еден Хитлер кој на крајот изгубил – седи петка!
По географија, не треба да знаеш ни да ја покажеш Македонија на карта, евентуално може да знаеш дека Скопје е главен град – добро е, ти можеш и подобро, знам дека ќе поднаучиш за следниот пат, ама еве ти сега петка.
По хемија, доволно е да се знае дека има некаков систем на елементи – името на системот и не е толку важен.
По физика, за петка треба да се знае дека Е е еднакво на ем по це на квадрат и доста е.
По македонски, не мора да се знае ни да се изговори тој збор правилно – може и маке-дунски – доволно е, петка!
Е, за математика, ќе треба барем да знаете да решите еден лимес. Ако не знаете, ќе решите нешто што знаете....
По физичко, музичко, ликовно и слично – не мора буквално ништо да знаете – петката е гарантирана.

Оваа прилика ја користам, да ги потсетам надлежните, дека забегаа ептен, маме расплакаа и на образование и на деца и на младинци и младинки. Запрепастените деца, соочени со неизвесност, паника и стрес се толку многу револтирани што се бунат оти морале да полагаат приемен тест иако биле генијалци.

Па, верувајте, во право се! И мене некој да ме признае дека сум генијалец и потоа ми побара приемен тест и јас ќе реагирам слично. Добро, можеби ќе си знам дека не сум толку генијалец, зашто ретки се таквите откачени. А, јас ја немам таа среќа.

Само од друга страна кога ќе размисли човек подобро, не треба да се бунат, секако уверен сум дека се си знаат и ќе немаат проблем со тестот. Нели, добиле петка!



29.06.2007



Најнова Фотка
Автомобилска еволуција
Анкета
topki+
Да му помогнеме на малиот Јане
Да му помогнеме на малиот Јане
Временска Прогноза
Скопје сега

Температура: 7°C
Времето во моментов
Најнови содржини
02:38 Sevilla 1 - 1 Deportivo La Coruna Видео фудбал
02:37 Getafe 3 - 0 Mallorca Видео фудбал
02:36 Napoli 1 - 3 Fiorentina Видео фудбал
02:34 Hull C. 1 - 2 Arsenal Видео фудбал
02:33 Chelsea 4 - 1 West Ham U. Видео фудбал
02:32 Tottenham H. 3 - 1 Blackburn R. Видео фудбал
14:01 Виц на денот Мајтап
10:46 Порачајте свеж воздух во тегла Во земјата на чудата
Спорт
Фетел со пол позиција ја отвара новата сезона!
Фетел со пол позиција ја отвара новата сезона!
slikaМладиот германски возач од тимот на Ред Бул ќе стартува од пол позицијата на првата трка оваа сезона во Бахраин.
Винсенте дел Боске - тренер на сите тренери
Винсенте дел Боске - тренер на сите тренери
slikaОткако седна на клупата на шпанската репрезентација, Висенте дел Боске има статистички ефект кој го нема ниеден тренер или селектор во историјата на фудбалот.
Шпански 15-годишен фудбалер почина по колапсот на тревникот
Шпански 15-годишен фудбалер почина по колапсот на тревникот
slikaПочина 15-годишен Шпанец, инаку фудбалер на нисколигашот Пејмог од областа на Хуелва.
Бундеслигата пополека ја престигнува Серија А
Бундеслигата пополека ја престигнува Серија А
slikaГерманската Бундеслига пополека но сигурно излегува пред италијанската Серија А, според коефициентите на УЕФА, па можно е од следната сезона од Германија да играат 4 екипи во Лигата на Шампионите.
Започнува новата сезона во Формула 1
Започнува новата сезона во Формула 1
slikaПо пауза од неколку месеци повторно ни се враќаат возбудувањата од еден од најгледаните спортови, Формула 1.
Резултати сега!
Фото
Кој рече дека кај нас имало многу снег? Фото: Голотија и живи бои на тату шоу Знаменосец Реконструкција на детски цртежи
Видео
Тато тоа го прави најдобро Каде се крие украденото богатство Колку луѓе збира во Југо? Кој ги вработи овие генијалци?
(©) 2006-2010 Taratur.com