
Норвежанецот Александар Рибак со дури 387 бодови стана 54 победник на Евросонг. Македонија не успеа да се пласира во финалето, а ни ѕвездата на вечерта Дита Вон Тисе не и помогна на Германија.
23-годишниот Александар Рибак кој е роден во Минск, Белорусија однесе една од најуверливите победи на сите времиња на Евровизија и ја оствари својата бајка со песната Fairytale за која сам ја напиша музиката и текстот.
На второ место остана претставничката на Исланд која и сама се чудеше на својот пласман во финалето, додека на трето место се најде Азербејџан кој исто така гласеше за фаворит.
Освен што победникот на Евросонг скоро едногласно е избран, вечерта ќе се памти и по спектакуларното шоу што го приредија Русите, но и по настапот на кралицата на бурлеските Дита Вон Тисе која сепак не и помогна на Германија да не остане при крајот на листата.
Македонскиот претставник на овогодинешната Евровизија, групата Некст тајм не успеа да се пласира во финалето.
17.05.2009
































