
Чест ни е и задоволство да ви го презентираме најновиот електронски спортски медиум од Македонија. Спортски.мк ќе биде многу повеќе од обичен портал со ’суви’ информации од меѓународниот фудбал.
По опсежни повеќемесечни анализи на пазарот заклучивме дека на македонскиот интернет простор му недостига професионален спортски електронски медиум кој навремено, брзо и квалитетно ќе понуди свежи и проверени информации и се она што го интересира вљубеникот во спортот.
Но, Спортски.мк нема да биде само обичен спортски портал со суви информации од меѓународниот фудбал, тврдат неговите автори.
Покрај најважната споредна работа на светот, на најновиот спортски портал особено внимание ќе добијат и останатите спортови кои се актуелни и интересни кај нас. Пред се` НБА, Формула, но и македонските лиги во позначајните екипни спортови.
Освен информациите, неизбежните трансфер шпекулации, ќе се прават анализи пред секој важен меч, ќе има најави за спортските типувачи, разни „нај“ избори, потоа интервјуа со наши познати лица од и околу спортот, „офсајд“ статии со уште поубавата страна на спортскиот живот, блогови, видеа....
Спортски, во вистинската смисла на зборот!
* Спонзорирана статија
14.05.2009

































