
На натпреварот што го организира Гугл - Doodle 4 Google од вкупно 28.000 деца се избрани по десет финалисти во четири возрасни категории. Интересно, во две креации се појавува и македонското знаме. Па, гласајте за нив!
Првата ’чкртаница’ наречена „Светско единство“ е од 13-годишниот Брајс Масерли од Каминг, Џорџија, а во него се прикажани знамињата од неколку држави со мешани култури и нации. Меѓу останатите истакнато е и македонското знаме.

И на втората чкртаница „Светски мир“, меѓу повеќето знамиња е и македонското, а желбата на 13-годишната Лина Ли, од Хонолулу е во светот да има мир и секоја нација да си помага и да има добри односи.
Па, гласајте за логоата со македонското знаме. И двете се наоѓаат во категоријата Grades 7-9. Првото е Region 4 (World Unity), a второто Region 10 (World Peace).
12.05.2009

































