
Сообраќајните несреќи, гужвата и возилата на четири тркала би можеле да станат минато. General Motors и Segway развија возило на две тркала со две седишта кое би требало да биде брза, сигурна и еколошки прифатлива алетрнатива. Видео!
Personal Urban Mobility and Accessiblity или скратено, PUMA има и разна комуникациска опрема со која возилата меѓусебно комуницираат и на тој начин го регулираат сообраќајот и спречуваат судири.
Прототипот користи технологија за рамнотежа како Segway возилата со две тркала заедно со двократен електричен мотор кој се напојува со литиумска батерија. Може да постигне брзина од 56км/ч и од едно полнење поминува 56 км.
Производството на ова возило, според сегашните проценки, би изнесувало околу третина од цената на просечното традиционално возило.
Поради напредната технологија која е вградена во него, PUMA всушност би требало да вози само, а ова паметно возило само ќе ги избегнува препреките на патот, вклучувајќи и пешаци и други возила и затоа никогаш нема да може да се судри, тврдат неговите креатори.
Сопствениците на PUMA кажуваат дека неговото производство е само работа на бизнис одлука, а возилата најверојатно прво ќе почнат да се користат на универзитетските кампуси.
8.04.2009



























