
Кинези имаат намера во Србија да направат фабрика за автомобили на електричен погон, а српската влада им понудила исти услови како на Фиат.
Делегација од српското Министерството за економија се состанала со луѓе од кинеската автомобилска компанија „Build your dream" (BYD), на која добиле понуда за изградба на регионална фабрика за производство на автомобили на електричен погон.
„Кинезите побараа од српската влада да плаќаат помали даноци се додека не тргнела работата. Состанокот беше неофицијален. Српската влада понуди отприлика исти услови како и за „Фиат“, изјави извор од владата на Србија за српски Прес.
Овие сознанија на весникот “Прес“ биле потврдени и во српското министерство за економиија, каде им рекле дека во Кина имало контакти со менаџерите на компанијата БЈД. Иако во министерството не можеле да потврдат за кој модел на автомобил станува збор, на официјалната интернет страница на компанијата стои моделот “Е-6“, чие производство во Европа треба да почне во 2009 година.
9.03.2009
































