Изборна калакурница

Иако Таратур е замислен пред се како забавен портал кој се стреми вашето утринско кафе, пладневна пауза или вечерен одмор да го поминете со нас, и во чија уредувачка политика нема место за јатрвите на чешма од двете најсилни партии, сепак целава оваа изборна калакурница некако ме влече за јазик...

Ќе ги оставам настрана глупостите за ветувањата економски преродби, отворања нови работни места и слични бајки кои ни под разно не можат да се стават во ист контекст со претседателските избори.

Главната небулоза која не знам зошто никој засега не ја истакнува е ступидната теза што ја пласира главниот кандидат на опозицијата, кој меѓу другото е професор по меѓународно право.

Имено, почетната точка и најсилниот адут со кој Фрчкоски настапува на овие избори е дека Македонија е изолирана, дека власта е неомилена за меѓународните сили, дека државата оди назад и дека тој како претседател е личноста која ќе го направи пресвртот. Дотука е во ред!

И да се согласиме со гледиштето дека сме под изолација (која во услови на 21 век, среде Балкан со огромен комплекс на ЦИА на Кале, со НАТО мисии и тн., нема баш некоја елементарна логика), се поставуваат неколку прашања, кои и тоа како заслужуваат одговор!

1. Професорот Фрчковски треба да знае за екстремно ограничените ингеренции на институцијата претседател, уште повеќе бидејќи тој е еден од креаторите на нашиот устав. И да има политика на изолационизам, претседателот е апсолутно немоќен таа владина политика да ја смени, спречи или да делува во спротивен правец, освен ако тоа не го побараат граѓаните преку предвремени парламентарни избори, па да се смени власта, а со тоа и надворешната политика. Дотогаш претседателот ниту може, ниту смее, а ниту има можност да ја менува драстично надворешната политика. Тој има надлежности, но тие се во сенка на владините. Според сегашниот устав, ако на власта и текне дека не одиме во ЕУ и НАТО, и дека ќе се збратимиме со Северна Кореја (што е прилично несериозно, некој да смета на тоа), претседателот може само да се чешла, а во слободно време да бара поддршка однадвор за смена на власта.

2. Ова е уште поинтересно за разгледување, ако се знае дека актуелниот претседател, Бранко Црвенковски ги има истите ингеренции какви што ќе ги има да речеме Фрчкоски, а неговото делување беше строго ограничено. Така што се поставува прашањето, која е таа суштинска разлика што би ја направил Фрчкоски, а не ја направил (веројатно бидејќи не знаел како) Црвенковски, кога се работи за истата позиција! Или во превод: Што е она што може Фрчкоски, а не може Црвенковски, бидејќи според нивната теза, Македонија оди во изолација веќе подолго време.

3. Фрчкоски пропагира дека ако стане претседател, Македонија ќе влезе веднаш во НАТО, а по неколку месеци и ќе започнат преговорите со ЕУ. И тука пак се поставува истото прашање: Ако претседателот има таква моќ (која ја нема), да го реши сам проблемот со името, зошто тоа не знае да го направи Црвенковски, а би знаел да речеме Фрчкоски.

Покрај тоа, на јавноста не и се кажува реалноста, дека дури и да успее Фрчкоски да го реши прашањето на начин на кој смета дека е коректен, процедурата не застанува кај него, туку оди в собрание, или според премиерот и на референдум. Значи како и да е, изим ќе дава или мнозинството пратеници, или мнозинството народ, а не претседателот, кој и да биде тоа!

Интересно е и што ова досега од владејачката партија не го потенцираа, веројатно сметајќи дека со отворената позиција на СДС и Фрчкоски, која е реално многу блиска до грчката, опозицијата само и прави услуга на власта, со тоа што таа ќе се покаже како чувар на националните вредности, наспроти нели „предавничката“ опозиција.

Мојот личен став, кој ќе го образложам во некоја од наредните колумни е дека токму опозицијата преку отворениот (според многумина) прогрчки став во однос на прашањето за името и прави огромна услуга на власта да ги занемарува економските проблеми. Но, ќе го оставам тоа за друг пат.

Со сличен став како и Фрчковски настапува и „поранешната легенда“ ако може така да се оквалификува Брат Љубе. Откако се врати од Хаг, како да станува појасно дека таму не му ги переле само алиштата, а и се повеќе се шпекулира причината зошто тој е пуштен оттаму.

Изненадувачки за голем дел од неговите обожаватели, наместо да развие порадикален, понационалистички став во однос на ваквите прашања, Бошковски делува сосема антагонистички, како вчера да излегол од кумровачка школа или штотуку добил средства од Сорос.

Многумина, сосема логично предвидуваа дека тој ќе се обиде да ги собере незадоволните стари членови на ВМРО, припадниците на безбедносните сили од конфликтот кои беа изиграни од владејачката партија, како и искрените патриоти и радикалните струи, но Брат Љубе се вкрсти само во плејадата политичари „кои лесно ќе го решат прашањето за името“.

Кога сме кај власта, нејзиниот избор (за многумина неочекуван), во првите денови од и пред кампањата презентира еден по малку кукавички, несигурен став во однос на нападите од опозицијата, делува нехаризматично и дури и неискусно иако со неговото портфолио може повеќето од кандидатите вода да му носат.

Сепак, факт е дека во Македонија повеќе се гласа за опција, отколку за личност, така што според мене, доколку Иванов остане на ставот (а, нема зошто да го менува) во однос на името, ќе биде главен фаворит за освојување на престолот. Целата кампања, вклучително и за локалните избори задолжените агенции ја направиле неверојатно добро, но слоганот е тешка катастрофална утка, која плаче опозицијата да се подигрува со тоа!

Од сите најсимпатичен ми е (можеби изненадувачки за многумина), кандидатот на ЛДП – Нано Ружин. Ако го тргнеме настрана багажот на партијата што го кандидира, Ружин навистина претставува освежување на овие избори. Екстремно префинет, проевропски настроен, но без да плаши деца мали со кантонизации, отцепувања и сл. со неколкуте потези што ги иницираше покажа една крајно позитивна енергија, која и тоа како и треба на нашата политичка сцена.

Наместо да се служи со речникот што го користат неговите партиски поддржувачи, Ружин под слоганот „Моја Македонија, сложна и силна“ навистина покажува дека сака да работи со оваа максима, иако мора да се потенцира дека ваквиот слоган воопшто не одговара на идеологија на една партија со либерален предзнак, бидејќи основната цел на секоја либерална партија е силен граѓанин, а не силна држава.


Исто така пријатно изненадува и единствениот сериозен претедент од албанското малцинство, лидерот на Нова демократија, Имер Селмани, кој се обидува да се качи на бранот на Обамаманијата поврзувајќи ги несоодветно двете политички реалности.

Да се разбереме, Селмани не може да биде Обама од многу, многу причини. Тука не станува збор за харизмата, која е очигледно дека ја имаат и двајцата, туку за сосема различните политички околности.

Прво, Обама во сите прилики настапува како Американец, а не како Кениец по потекло. Обама, во својата изборна програма ги немаше зацртано правата на Кенијците или Афроамериканците ако сакате, како примарни. Обама е опколен со американското знаме, тој ја негува пред се американската култура, зборува на англиски јазик. Во Македонија, тоа уште долго нема ни да го сонуваме.

Сепак, мора да се признае дека Селмани е светлосни години понапред од неговите етнички опоненти, заглавени во Призренската лига 1878 година. И мене јасно ми е, дека тој од прагматични причини не може да биде голем македонски патриот, каков што е Обама американски патриот. Во овие општествени околности, со таквата политика тој нема да добие ни два гласа од албанското малцинство, на кое се уште му се гаи големоалбанскиот сон. Но, добро е што доаѓаат помодерни текови, и искрено радуваат политичари од типот на Селмани.

За останатите двајца кандидати, изгубени во вселената, испратени на невозможна мисија за да не се концентрира албанското тело кај Селмани, мислам дека нема потреба од некаков посебен коментар.

Едната кандидатка – Мируше Хоџа искористена од нејзиниот партиски шеф да се покаже дека не е патријахален, како и заради желбата да испрати тотален анонимус од неколку многу јасни причини, а другиот познат по неколкуте економски скандали во минатата влада, апсолутно немаат шанси.

За крај, се надевам дека оваа колумна партиските послушници и војници кои не мислат многу со тимбата, нема да ја сфатат како што ќе ја сфатат. Бидете ми поздравени, не се нервирајте премногу, уживајте со ’програмата’ на Таратур, бидејќи дури сме силни во мозокот, ќе претставуваме карпи за сите оние што плашат мали деца дека ќе сме исчезнеле, ќе не снемало и тн.!





9.03.2009



Најнова Фотка
Автомобилска еволуција
Анкета
topki+
Да му помогнеме на малиот Јане
Да му помогнеме на малиот Јане
Временска Прогноза
Скопје сега

Температура: 6°C
Времето во моментов
Најнови содржини
14:44 Фејсбук го надмина и Гугл Технологија
12:49 Почина најнискиот човек на светот Во земјата на чудата
Спорт
Без договор во Москва
Без договор во Москва
slikaФудбалската федерација на Македонија на својот веб сајт објави дека учесниците на договорниот состанок од Б-квалификациската група не успеале да постигнат договор за натпреварувачкиот календар.
Бенитез: Мора да завршиме четврти за да го задржиме Торес
Бенитез: Мора да завршиме четврти за да го задржиме Торес
slikaАко “црвените“ од Енфилд до крајот на сезоната не стигнат до 4-та позиција и пласман во ЛШ можно е да останат без својот најдобар напаѓач Фернандо Торес.
Бронѕети: Koj сака засилувања нека не штеди на Фабре, Рибери и Џеко
Бронѕети: Koj сака засилувања нека не штеди на Фабре, Рибери и Џеко
slikaЕден од најпознатите агенти во светот, Ернесто Бронѕети на италијанските и шпанските гиганти им препорача неколку имиња ако сакаат навистина да се засилат во следната сезона.
Бекам се повреди, го пропушта СП
Бекам се повреди, го пропушта СП
slikaРадоста на Милан од победата на Киево и доближувањето на само поен од Интер, ја скрати повредата на Дејвид Бекам која со сигурност ќе го оддалечи од СП.
Кака: Мамаду дај некое евро да си платам такси
Кака: Мамаду дај некое евро да си платам такси
slikaИли навистина некој немал ситно, или можеби Кака си го заборавил паричникот дома. Бразилецот мораше да позајми пари од Мамаду Дијара за да му плати на таксистот кој го донел на тренинг.
Резултати сега!
Фото
Кој рече дека кај нас имало многу снег? Фото: Голотија и живи бои на тату шоу Знаменосец Реконструкција на детски цртежи
Видео
Научете лесен и интересен трик Видео: Најоткачениот музички спот Тато тоа го прави најдобро Каде се крие украденото богатство
(©) 2006-2010 Taratur.com