
Македонските ракометари со победа го завршија Светското првенство во Хрватска, завршувајќи на одличното 11 место, а нашиот капитен Лазаров стана светски рекордер по бројот на постигнати голови на еден Мундијал.
Со 15 гола постигнати против Кореја, Кире Лазаров го собори 14 години стариот светски рекорд, и постави нов од вкупно 92 гола, дури за шест повеќе од претходниот.

Македонија добро го почна мечот, на почетокот се играше изедначено, а во 22 минута имавме одлично водство од четири гола разлика 12:8. Но, потоа се повтори приказната од Србија и другите претходни натпревари, темпото спласна, а грешките од нашиот напад, брзите Корејци сурово ги искористуваа. На полувреме се замина со 14:14.
И во вториот дел се играше гол за гол. Во 35 минута се одлепивме на плус два, а во 41 минута, повторно беше нерешено 21:21. Потоа Корејците поведоа и со 24:23, но со двата гола на новиот светски рекордер Македонија повторно премина во водство.
Преку пикерот Ѓоргоновски, нашите ја сочуваа предноста се до последната минута, кога Јужнокорејците со голот на Сим изедначија на 31:31. Сепак, деби голот на младиот Стоилов на 20 секунди пред крајот ни донесе неизмерна радост.
Прес по средбата:
Таесуп Чои (селектор на Јужна Кореја)
„И честитам на Македонија на победата. Ние на ова првенство дадовме се од себе, многу научивме и стекнавме нови искуства. Сакам да и заблагодарам на публиката која навиваше за нас. На идното првенство ќе дојдеме со уште поспремна екипа која ќе игра уште подобро.
Илија Темелковски:
„Им честитам на моите играчи на победата и освоеното 11 место на СП, како и на капитенот Кире Лазаров на новиот светски рекорд. И честитам и на Јужна Кореја на фер и коректната игра. Среќен сум и задоволен што ја победивме Јужна Кореја која остави добар впечаток на СП и ја елиминираше силната Шпанија. Дадовме максимум, го оставивме срцето на терен и задоволен сум со освоеното 11 место.
29.01.2009


















Малкумина се оние кои себеси можат да си дозволат било каков стан во Лондон, а да не зборуваме за оној најскапиот и најлуксузниот во цела Велика Британија. Меѓутоа, има и такви среќници кои можат да ’издвојат’ вртоглави 65 милиони фунти од својот домашен буџет и да го купат токму тој, најскап и најлуксузен стан во Британија, кој се наоѓа во самиот центар на Лондон.






