Светот после Александар

Многумина од незнаење го нарекуваат убиец, крволочен освојувач кој газел се` пред себе, многумина пред грчкиот притисок не сакаат да имаме ништо со него, но знаете ли дека освен што го слави целиот свет, научниците го сметаат Александар за најголемиот истражувач на сите времиња?


Пишува: Мартин Стефановски


Последиците и придобивките од походот на Александар на Исток биле далекусежни за целиот светски поредок.

На прво место Александар го направил достапен за колонизација целиот Исток. Дошло до судир на цивилизациите од истокот и западот. Биполарноста тотално се изгубила и била наметната една нова космополитска култура во најширока смисла на зборот.


Александровата империја често се нарекува и Империја во движење. Со него оделе голем број научници, етнолози, метеоролози, наутичари, географи, топографи, хидролози, рудари, геолози, ботаничари итн, итн. Тие луѓе преземале илјадници научни експедиции со кои го зголемувале светското научно културно-цивилизациско богатство, вредности и знаење.

Затоа, научниците Александар, го нарекуваат еден од најголемите истражувачи во светската историја.

Потфатот на Александар е единствен во целокупната човекова историја и тоа не само според пространствата што ги зазел и бројноста на народите што влегле во неговата држава, туку и поради мирот и благосостојбата што владееле во негово време.

Тоа можел да го постигне благодарение на неговото прагматично владеење и неговиот прагматичен однос кон покорените народи. Кон нив се однесувал како законски владетел, а не како окупатор, што се гледа од прифаќањето на ахајменидскиот дворски церемонијал во комуникација со источните народи. Тоа особено го постигнувал со политиката за соработка со локалната елита, која ја вклучувал во власта дури и по цена на незадоволството на неговите Македонци.

Политиката за соработка и вклучување на месното население особено на персиското благородништво во администрацијата бил еден од најоригиналните и најпресудни елементи за одржување на власта на Александар. Александар не владеел со меч. Владеел прагматично и мудро. Ако владеел со меч неговата војска брзо ќе беше покорена и неговата империја распадната.

Последиците од прагматичната политика на кралот се чувствувале и по неговата смрт:
- Немало одметнување на домородните сатрапи;
- Немало побуни кај покорените народи;

Тука е исклучок само бунтот во копнена хелада (Ламиската војна), раширен и низ Хелените кои биле населени во горните сатрапии.

Александровите сфаќања овозможиле да води политика првенствено во служба на државата и народот кој живеел во неа. Некои научници ја нарекуваат монархија од просветен тип.

Освен во уредувањето на својата империја Александар посветувал големо внимание и во културата.
Градел нови храмови, ги обновувал и старите персиски и месопотамски, приредувал културни манифестации, натпревари, театарски претстави итн итн.

На тој начин придонел за мешање на староисточните и западните култури, кои почнале да се надополнуваат и проникнуваат во една нова култура која имала за цел развој на целокупната светска цивилизација.

Александар бил првиот што почнал да ги брише предрасудите помеѓу луѓето, та дури и меѓу луѓето и боговите. Обичниот човек е се позастапен во уметноста, така што може да се каже дека Александар ги избркал боговите од уметноста.

(Пергам)

Со прераснувањето на Александрија и Пергам во светски центри се пренесува културниот импакт кој токму Александар го воспоставил.

(реконструкција на Александриската Библиотека)

Не мора да се зборува што тоа претставувала Александриската библиотека во која била складирано целото светско знаење и нејзиниот импакт во кревањето на светските цивилизациски вредности.

Александар е најдобар пример за улогата на личноста во историјата. Тој бил темпераментен човек со силен карактер и копнеж за откривање на непознатото, кого го водела желба да се натпреварува со секого, та дури и со самиот себеси. Бил храбар до безумност, но во исто време благороден, умерен, скромен, и трезвен човек кој умеел да се воздржи и правилно да ги согледа приликите.




Користена литература:
Фанула Папазоглу - Владеењето на Александар Велики, Времето на дијадосите стр.169
Нада Проева - Аргеади стр.311


28.01.2009



Најнови вести
15:31
Измачувачот Чарлс Дарвин
Научна Реалност
15:01
Играчки од пеколот!
Во земјата на чудата
11:13
11:11
Екстра
За 65 милиони фунти, се продава најскапиот стан во Британија
За 65 милиони фунти, се продава најскапиот стан во Британија
slikaМалкумина се оние кои себеси можат да си дозволат било каков стан во Лондон, а да не зборуваме за оној најскапиот и најлуксузниот во цела Велика Британија. Меѓутоа, има и такви среќници кои можат да ’издвојат’ вртоглави 65 милиони фунти од својот домашен буџет и да го купат токму тој, најскап и најлуксузен стан во Британија, кој се наоѓа во самиот центар на Лондон.
Стан кој има сè што е потребно за совршен дом
Стан кој има сè што е потребно за совршен дом
slikaШто повеќето луѓе посакуваат од станот? Простор, удобност, стил и постојано чувство на добредојде, приватно место одделено од светот? Овој стан во Украина со своите 300 квадратни метри, мора да се сложите, ги исполнува сите споменати услови.
Конечно - она што го баравте со години!
Конечно - она што го баравте со години!
slikaШто имаат заедничко Зулфу Ливанели, Славе Димитров, Енио Мориконе и Иван Терзиев? Нема никогаш да дознаете, ако не го видите ова што ви го нудиме, а што ќе ви побуди еден куп емоции. Уживајте!
Елеганција во која сивата боја е сè само обична не
Елеганција во која сивата боја е сè само обична не
slikaДека сивата боја може да биде и тоа како убава и пријатна во уредувањето на енетриерот пример е овој елегантен стан во Лондон кој се протега на дури 4.700 квадратни метри.
Погледнете како изгледаат куќите на иднината
Погледнете како изгледаат куќите на иднината
slikaСе повеќе луѓе сакаат да се издвојат од масата, па се одлучуваат за живот во футуристички куќи кои се изградени на необични локации и од необични материјали, а кои личат на се, само не на конвенционални станбени зданија.
Резултати сега!
Анкета
(©) 2006-2012 Taratur.com