
Дали некогаш ви текнало дека можеби парите што сте ги држеле в рака носат вирус на грип?
„Опстанок на вирусот на грип на банкнотите“, е назив на трудот во кој научниците од Женева докажаа дека вирусот на грип може да се пренесе и на самите пари.
Тие дел од парите намерно „ги заразиле“ со концентриран вирус од грип, по што во правилни размери ја набљудувале присутноста на грипот.
Дури и по три дена подоцна, грипот се уште бил присутен на парите, додека пак другите пари на кои имало малку секрет од носот го задржале вирусот на грип и подолго од 14 дена.
26.01.2009

































