
Холандскиот репрезентативец само што дојде во Мадрид, а челниците на Реал веќе сакаат да се ослободат од него. Наводно го нудат во замена за Диего од Вердер.
Над една година се шпекулира дека Диего, идејниот водач на Вердер Бремен, ќе ја напушти Бундеслигата, но никој од заинтересираните не го направи последниот чекор, односно на Вердер не му ја понуди сумата која германскиот клуб ја бара за него.
Најдолго во игра за Диего е Јувентус, но Бразилецот е се уште во Вердер и го предводи тимот, како во домашното првенство, така и во европските купови.
Според неколку шпански медиуми Реал на Вердер му понудил нова можност. Им го нудат Рафаел ван дер Варт за Диего.
Доколку таквиот трансфер се оствари, Ван дер Варт ќе стане една од најнеуспешните аквизиции на кралскиот клуб, бидејќи на Сантијаго Бернабе помина само неколку месеци.
5.01.2009




























