Почетоците на Новата Година
Пишува: м-р Драган Зајковски


Ако денес некого прашате кога почнува Новата Година ќе добиете единствен одговор: на 1 јануари. Меѓутоа низ историјата не секогаш 1 јануари се земал како почеток на Новата Година. Во средниот век има повеќе датуми (стилови) со кои почнувала годината. Шест од нив биле во најчеста употреба.

1.Stilus Circumcisionis – 1-ви јануари
Тоа е денешниот стил според кој годината започнува на 1-ви јануари. Како зачетник на овој стил се смета римскиот опат Дионисие Мали кој во 525 г. во своето дело „Liber de paschale” (Книга за пасхите) се обидел да ја пресмета годината кога се родил Исус Христос. Тој се смета за автор на христијанската ера која е денес во употреба.

Како почеток на првата година од христијанската ера, Дионисие го зел 1-ви јануари 754 г. според Ab urbe Condita (Варонова ера). Иако, Папската курија уште во 532 г. ја признала оваа ера, сепак, долго време се противела 1-ви јануари да се слави како почеток на Новата Година. Меѓутоа, со текот на времето, Римокатоличката црква го прифаќа 1-ви јануари како почеток на Новата Година со тоа што му дала религиозен белег – на тој ден почнала да го празнува обрезувањето Христово (Circumcisio Domini).

Во 1691 г. Ватикан го воведува Stilus Circumcisionis за официјален почеток на Новата Година во целиот тогашен римокатолички свет.

2.Византиски стил – 1-ви септември
Според овој стил Новата Година започнувала на 1-ви септември. Тој бил во употреба не само во Византија, туку и во сите земји под нејзино влијание. Почетоците на употребата на овој стил најрано се датираат во VII век, во Византија, каде што и останала во употреба се до паѓањето на Константинопол (Цариград) под османлиска власт во 1453 година.

Во Русија, пак, византискиот стил останал да се употребува се до 1700 година.

3.Stilus Incarnionis – 25-ти март
Според овој стил за почеток на новата година се земал 25-ти март, ден кога Црквата го празнувала празникот Благовештение. Овој стил бил во употреба во италијанските градови, во Шпанија, Полска, Ирска, Германија и Англија. Веќе во 1750 г. овој стил бил наполно напуштен.

4.Stilus Nativitatis – 25-ти декември
Според овој стил Новата година започнувала на Божик, т.е. на 25-ти декември. Овој стил бил раширен во средниот век.

5.Stilus Galicus - Велигден
Според овој стил како почеток на Новата Година се земал празникот Велигден. Истиот бил во употреба во Франција од XI век па се до 1563 година.


6. Stilus Venecijanis или Mos Venetus – 1-ви март
Според овој стил Новата Година почнувала на 1-ви март. Тој се употребувал во Франција од VI до VIII век, во Русија до XIII век, а, пак, во Венеција до пропаста на Републиката во 1797 година.


Освен овие стилови, во антиката и средниот век, постоеле и други датуми за почеток на новата година. Па така, Новата Година, според селеукидската ера почнувала на 1-ви октомври, според александриската и диоклецијановата ера на 29 –ти август, според олимписката ера на 1-ви јули, според Ab Urbe Condita (римска или Варонова ера) на 21-ви април, а, пак, според еврејската ера на 7-ми октомври.

Денес, пак, речиси во целиот свет е прифатен Stilus Circumcisionis и 1ви јануари како почеток на новата година.




Авторот е сопственик на блогот:
kibicer.blog.com.mk/.


30.12.2008



Најнова Фотка
Балканкан
Анкета
Временска Прогноза
Скопје сега

Температура: 14°C
Времето во моментов
Најнови вести
16:46
Книга на годината од 119 томови!
Во земјата на чудата
14:09
12:33
Запознајте ја рибата Шрек
Во земјата на чудата
12:23
Спорт
Баерн бара пари oд ФИФА за Робен
Баерн бара пари oд ФИФА за Робен
slikaАктуелниот шампион на Германија, Баерн Минхен во првите две кола доживеа неколку стресни ситуации и еден голем шок, а дел од вината ја префрлаат на Холандскиот фудбалски сојуз.
Шалке со најскап состав досега
Шалке со најскап состав досега
slikaПосле многу бројните трансфери ова лето вецешампионот на Германија, Шалке 04 го собра најскапиот состав од формирањето на клубот досега. Според елитниот спортски сајт „трансфермакет“ идеалната единаесеторка на Феликс Магат чини точно 101,5 милиони евра, а како најскапо проценет е младиот голман Ноер.
Мурињо: Милан може да ја освои Лигата на шампионите
Мурињо: Милан може да ја освои Лигата на шампионите
slikaНовиот тренер на Реал Мадрид смета дека Милан е еден од претендентите за освојување на Лигата на шампионите оваа година, со пристигнувањето на Ибра и Робињо на „Сан Сиро“.
Капело: Бев бог, а сега сум чудовиште
Капело: Бев бог, а сега сум чудовиште
slika„Ме направивте бог, а после тоа ме прогласивте за чудовиште, зар не е така? Оваа екипа изгуби само еден натпревар на СП, и тоа после огромна судиска грешка, но повеќе на тоа никој не се сеќава. После тоа мислењето за мене потполно се промени“, изјави Капело пред почетокот на квалификациите за Европското првенство.
Скандал: Европјаните смрдат како цркнати магариња
Скандал: Европјаните смрдат како цркнати магариња
slikaKoшаркарот на американската репрезентација Дени Гренџер предизвика скандал откако на својот профил на Твитер напишал дека европјаните смрдат како мртви магариња.
Резултати сега!
Фото
Смртоносни тетоважи Фото: Кој ќе исплива побрзо со секс кукли! Фото: Танцот на девиците за кралот на Свазиленд Швалери
Видео
Еве зошто кинеската стока е толку евтина! Го распара небото Жестока борба со кучиња Одвратно добар трик го шокираше жирито
(©) 2006-2010 Taratur.com