Израел мора да победи
Пишува: Виктор Трифуновски


Непосредно пред празнициве, сакав да дадам едно свое видување за 2008, но сепак таквата идеа ќе причека уште некој ден. Во моментов главното внимание (по не знам кој пат) го привлекува Блискиот исток.

Меѓутоа овој пат, во центарот на вниманието не е само израелската војска која ги лови терористите, туку и бирокративе од Брисел, кои му ’попуваат’ на Израел како треба да се брани, и дали треба да се брани.

Малку и беше на тоталитарната елита со жолти петокраки, што воведоа еден куп регулативи (уште малку ќе не казнуваат доколку прднеме на јавно место)кои од обичен човек може да ве направат криминалец, малку им беше неуспехот на Сините шлемови во Босна, малку им беше маргиналната улога во Косово и во Авганистан, малку им беше смешната идеја за заедничка ’Европска војска’, сега почнуваат да се мешаат и таму каде безбедноста функционира речиси беспрекорно.

Унија која не може да воведе ред и мир дури ни на своја територија, без подршка од САД, сега поради популистички причини пробува да замеша прсти таму каде што навистина не може да даде резултат.

Израел, во однос на целокупното свое опкружување, е единствената демократска држава, каде по пат на непосредни избори луѓето гласаат за тој што би сакале да ги води. Во околните држави владеат теократски режими кои свесно подржуваат убивање на невини цивили.

Израел е единствената држава во целиот тој регион, каде жените ги имаат апсолутно сите права како и мажите, почнувајки од правото на образование, работа, развод и сл, па се до политичко ангажирање и водење на државата. Во соседните држави на Израел, често се случува мажот да биде неказнет поради убиство на својата сопруга или ќерка. Дури и туристите се често прогонувани и казнувани поради специфичното толкување на куранот и неговите канони.

Израел е единствената држава во своето опкружување која има јасно издефиниран секуларен карактер, кој е прецизно дефиниран во самиот устав. Верските слободи и права се неспоредливо поголеми во Изреал, отколку на израелското опкружување.

Израел е единствената држава во целиот регион, каде владее слободата на говорот, каде можете да ја критикувате власта, да разоткривате афери, да полемизирате и јавно да изнесувате свои заклучоци.

Доколку истото го пробате во изреалското соседство, лесно може да останете без глава.

Образованието на израелската младина, е претежно насочено кон поголема продуктивност, која би ги направила пред се способни за продукција на поголем приход, а со самото тоа и на повисок животен стандард. Образованието на младите околу Израел, е тешко сварливо за совеста на било кој цивилизиран човек.

Дали е нормално, дете од предшколска возраст, да учи песни за бомбаши самоубијци, и да се труе со омраза од секаков вид: спрема христијани, евреи, хиндуси, дури и против будисти? На Јутјуб има еден куп цртани филмови, каде главниот јунак завршува со бомбите околу појасот, и тоа меѓу изралски цивили.

Како може, една просечна бирократска ТИКВА од Брисел, да не прави разлика меѓу акциите на ИДФ (Израелската Армија), и манијачките амбиции на терористите? И не само тоа... Брисел на терористите им се обраќа онака како што самите се претставуваат: “Хамас“ “Хезболах“ “Иламски браќа“ итн итн итн... Па кажува за нивните „судири“ со ИДФ, како за војна меѓу завојувани страни, а не како за борба меѓу терористи и сили за безбедност.

Израел е единствената земја во тој регион, која генерира просперитет, и овозможува пристоен стандард за сите лојални граѓани. Наспроти себе има луѓе кои се заслепени од омраза, и кои сакаат буквално уништување на Израел, односно (како што вели Ахмадинеџат) негово бришење од картата на светот.

Израел годишно претрпува над 4000 терористички напади, или во просек по 14-15 секој ден. Напади во кои главна и најчесто единствена цел се токму цивилите, односно најнедолжните. Морално е недозволиво, Израел да се осудува во моментите кога реагира на таквите напади.

Редно е Палестинците да сватат дека по пат на сила, никогаш нема да го добијат она што го бараат. Махатма Ганди имал далеку поголема популација зад себе, и протестирал со “ненасилство“. Резултатот бил независност на Индија за помалку од една деценија совесно политичко дејствување. Редно е Палестинците да го променат својот однос по цели 5 децении евидентен неуспех.

Израел има морално право да се брани, и би требало да биде подржан од секој цивилизиран и нормален човек.




Авторот е уредник на блогот capitalism.blog.com.mk


30.12.2008



Најнова Фотка
Автомобилска еволуција
Анкета
topki+
Да му помогнеме на малиот Јане
Да му помогнеме на малиот Јане
Временска Прогноза
Скопје сега

Температура: 15°C
Времето во моментов
Најнови содржини
00:48 Wolfsburg 2 - 1 Rubin Kazan Видео фудбал
00:19 Anderlecht 4 - 3 Hamburger SV Видео фудбал
00:15 Werder Bremen 4 - 4 Valencia Видео фудбал
00:11 Sporting Lisbon 2 - 2 Atletico Madrid Видео фудбал
00:02 Liverpool 3 - 0 Lille Видео фудбал
23:26 Standard Liege 1 - 0 Panathinaikos Видео фудбал
23:25 Marseille 1 - 2 Benfica Видео фудбал
23:22 Fulham 4 - 1 Juventus Видео фудбал
16:23 Дали мајка ви е на Фејсбук? Во земјата на чудата
00:17 Barcelona 4 - 0 Stuttgart Видео фудбал
00:16 Bordeaux 2 - 1 Olympiakos Piraeus Видео фудбал
Спорт
Голеада во Европа
Голеада во Европа
slika34 гола на 8 меча во реваншот од осминафиналето на Лига Европа. Валенсија се пласираше против Вердер во меч со 8 гола, а Јувентус срамно ја заврши евро одисејата против Фулам.
Демонстрација на моќ на Каталонците!
Демонстрација на моќ на Каталонците!
slikaЕвропскиот шампион набрзина ги реши сите дилеми и покажа дека ќе биде најнепосакуваниот противник во четвртфиналето. Повторно блескаше Меси кој постигна два прекрасни гола. Во другиот меч, Бордо повторно го совлада Олимпијакос.
Демикелис: Балак не ми се ни јави
Демикелис: Балак не ми се ни јави
slikaДефанзивецот на Баерн Минхен изјави дека е навистина разочаран од тоа што неговиот поранешен согирач го повредил и не се извинил за тоа.
Полудениот Тери прегази навивач
Полудениот Тери прегази навивач
slikaКапитенот на Челзи не беше баш најрасположен по елиминацијата од ЛШ од Интер. Излегувајќи од Стемфорд Бриџ ги изгуби нервите и прегази навивач кој се обиде да го фотографира.
Мурињо го елиминираше Челзи, голманот Палоп – Севиља!
Мурињо го елиминираше Челзи, голманот Палоп – Севиља!
slikaЖозе Мурињо пред мечот рече дека никогаш не губи на Стемфорд Бриџ, а тоа и го докажа на реваншот во кој Самуел Ето го ликвидираше Челзи од ЛШ. Во другиот меч, ЦСКА сензационално славеше во Севиља.
Резултати сега!
Фото
Кој рече дека кај нас имало многу снег? Фото: Голотија и живи бои на тату шоу Знаменосец Реконструкција на детски цртежи
Видео
Наезда на бикини убавици Најлошиот пад на сите времиња Супер жена со невозможно силни мускули Би бил главен фаца на Дивиот запад
(©) 2006-2010 Taratur.com