logo
Објавено на Таратур (http://www.taratur.com)

Бекам беше навистина нежен

Атрактивната италијанска водителка Иларија Д`Амико сепак успеа барем накратко да го нагости Дејвид Бекам и покрај противењето на Викторија, која очигледно се плаши да не и се случи некоја нова Ребека Лос... Иларија требаше да му биде домаќинка на Бекам во едночасовно ток шоу, но Пош му забрани да гостува. Наводно на интернет истражила се за убавата водителка, а веројатно и се сетила што се случи последниот пат кога таа и Дејвид беа одвоени неколку месеци, по неговиот трансфер во Реал Мадрид.
Иларија сепак на крајот го нагости Дејвид, но тоа повеќе личеше на прес конференција, а разговорот траеше само 15 минути, наводно на барање на Викторија. Но, и тоа беше доволно за Иларија да го ’процени’ Бекам. „Беше навистина нежен и непосреден. Воопшто не е вообразена ѕвезда“, вели Иларија. Инаку, се очекува Бекам да дебитира за Милан на пријателскиот меч против Хамбургер на 6 јануари. Сепак, во клубот се уште не се одлучиле дали ќе го пријават за натпреварите од Купот на Уефа, бидејќи од можни 16 натпревари Бекам би можел да одигра само две. Тој мора да се врати во ЛА Галакси на почетокот на март.

Податоците доаѓаат од:
http://www.taratur.com/node/6976