Последен пат кога Џексон е виден во јавност...
Поранешниот крал на поп музиката Мајкл Џексон наводно боледува од опасна болест на белите дробови која може да биде и смртоносна. Одвај зборува, и со едното око не може да гледа. Итно му е потребна трансплантација.
Здравствената состојба на
Мајкл Џексон рапидно се влошува заради генетската болест alpha-1 антитрипсина дефициенција, која предизвикува недостиг на протеини што ги штитат белите дробови, пишува The Sun.
Џексон наводно боледува и од емфизем на градите и хронично внатрешно крвавење во гастроинтестиналниот систем, што докторите многу тешко го држат под контрола. Токму тие крвавења се најтешкиот проблем и би можеле да го убијат, тврди
Јан Халперин, негов биограф и наградуван истражувачки новинар.
Халперин, Канаѓанец кој пишуваше и за ценетиот магазин Rolling Stone, вели дека Џексон одвај зборува и дека на левото око изгубил 95% од видот.
Тој тврди дека Мајкл веќе со години се обидува да го спречи напредокот на болеста.
Неговиот брат
Џермејн потврди дека Мајкл моментално е во навистина тешка состојба.