Можеби не сме навикнати да ја гледаме во вакво издание, но Ејми Вајнхаус на одмор на Карибите гордо ги покажуваше своите облини и ги забавуваше гостите од хотелот со топлес танц. Погледнете!
Ејми Вајнхаус викендов пристигна на островот Сaнтa Лусија на Малите Антили во придружба на најблиските, каде ќе ги помине божиќните празници.
Во летувалиштето, кое во овој период воглавно го посетуваат пензионери, Ејми внесе малку живост пуштајќи гласна музика и со комичен топлес танц на балкон.
Очигледно задоволна од своето тело, Ејми подоцна повторно се разголи на плажа во друштво на мистериозен маж.
Пејачката минатиот месец заврши во болница поради „лоши реакции на лекови“, а за се поздравиот изглед наводно може да му се заблагодари на личниот тренер со кој редовно вежба.