logo
Објавено на Таратур (http://www.taratur.com)

Ферги ја договори венчавката

Заљубените птички Ферги и Џош Духамел по една година верност се одлучија за датумот на големиот ден - на вечна љубов ќе се заколнат за некоја недела. Пејачката и глумецот се свршија во декември 2007, а таа во меѓувреме со јавноста ја поделила возбудата за венчавката и желбата со Џош да имаат семејство.
Како што дознава Access Hollywood, парот се одлучил за датумот. Најверојатно венчалните прстени ќе ги разменат измеѓу 9 и 11 јануари.
На венчавката треба да се појават и новите пријателки на Ферги, Кејт Хадсон и Никол Кидман, со кои се зближи за време на снимањето на филмот Nine.

Податоците доаѓаат од:
http://www.taratur.com/node/6919