Пејачот на Ред Хот Чили Пеперс, Ентони Кидис тајно бие битка со болните бубрези, а летово наводно бил пред колапс, но се спасил в болница.
Познатиот пејач на Ред Хот Чили Пеперс летово бил пациент на една болница во Лос Анџелес откако за влакно избегнал откажување на бубрезите. Но, по редовни третмани, неговата здравствена состојба се подобрила.
„Неговата состојба беше екстремно лоша. Почна да се зборува и за тоа да го ставиме на листа за трансплантација. Но, луѓето со такво минато на злоупотреба на дрога и алкохол имаат помали шанси да добијат орган што им треба“, рече неименуван извор.
Претставниците на пејачот се уште не дале коментар за ваквите написи за здравствената состојба на
Ентони Кидис.