logo
Објавено на Таратур (http://www.taratur.com)

Видео: Разголената Бритни на јапонска телевизија

Само две недели откако поради тесниот фустан одвај успеа да ги задржи градите на своето место, Бритни повторно се одлучи за слична комбинација, кога на јапонската телевизја го промовираше својот нов хит сингл, Womanizer. Видео! Бритни Спирс во четири земји по ред се појави во истиот костим промовирајќи го синлот 'Womanizer'. Јапонија беше последна земја во низата, каде во емисијата Hey! Hey! Hey! го одработи стандардниот сет, во истото одело.
За среќа, на Бритни и текна дека така не може да се појави и следиот ден во јапонското шоу Best Music Artist, па се одлучи за оскуден костим кој го надополни со лажна тетоважа на образот во облик на срце, и цилиндар на главата.
На крајот од емисијата Бритни одговараше на прашања на гледачите, за на крајот пак да направи гаф, кога на сите од се срце им посака среќен Божик, во земјата во која поголемиот дел од населението не се христијани.

Податоците доаѓаат од:
http://www.taratur.com/node/6868